Спорт
Канатларовски го објави списокот на фудбалери до 21 година за дуелите со Украина и Франција
Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.
На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина. Пет дена подоцна на Националната арена “Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекција на Франција.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за двете домашни пресметки ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимов (Кадино);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Славе Маркоски (Охрид), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Јован Манев (Брегалница);
Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словенија), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Методи Максимов (Работнички), Флорент Рамадани (Шкендија);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Емир Скендери (Струга), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
Драги Канатларовски, селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година:
– Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари, особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен.
Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција. Не очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на три бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сѐ квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика.
Повторно се соочуваме со проблеми и отсуство на неколкумина стандардни фудбалери во тимот. Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се многу важни за оваа селекција, но за жал и на овие натпревари не добија дозвола од нивните клубови поради здравствени Ковид-19 ограничувања. Агон Елези, исто така многу битен фудбалер, поради повреда нема да биде во можност да конкурира за настап. Дополнителен проблем за нас претставува и фактот што голем дел од репрезентативците, посебно од домашниот шампионат, немаа голема минутажа во клубовите. Но, тоа е предизвик со кои се соочуваме веќе извесен период. Сепак, гледаме позитивно и веруваме во наши добри натпревари.
Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола од своите клубови поради Ковид-19 рестрикциите во Австралија. Под знак прашалник поради повреда (стопало), исто така неизвесен е фудбалерот на Работнички, Лука Станковски.
Собирот на репрезентацијата е закажан на 7. ноември во 10:00 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
Спорт
Милевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
Македонската фудбалска селекција вечерва од 20:45 часот со директен пренос на македонската телевизија ќе го одигра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026. На гостински терен во Кардиф против Велс, на нашиот тим му е доволен и бод за да го задржи второто место во групата, што би значело поповолна позиција и потенцијално полесен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски верува дека избраниците се подготвени да одговорат на предизвикот и да ја исполнат поставената цел.
– „Спремни сме за она што доаѓа. Не очекува натпревар со голема тежина, но мојата порака до играчите е да излезат на терен со самодоверба и да уживаат во играта. Велс има силен состав и одличен селектор, но и двете репрезентации остануваат речиси непроменети во однос на првиот дуел во Скопје. Убеден сум дека ќе дадеме вистински одговор и ќе ја постигнеме нашата цел“, изјави Милевски на прес-конференцијата која се одржа во рамки на вчерашниот ден, пренесува Фудбалската федерација на Македонија.
Посакуваме среќа!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Спорт
Важен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
Македонската фудбалска репрезентација утре во Кардиф ќе настапи против Велс во дуел што ќе ја одреди екипата која ќе ја освои втората позиција во квалификациската група и ќе обезбеди пласман во баражот за Светското првенство.
Бидејќи натпреварот има директно елиминациско значење, УЕФА одлучи да испрати врвен судиски тим. Главна улога ќе има Холанѓанецот Дани Макеле, кому ќе му асистираат Хесел Стегстра и Јан де Фрис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. Вар-центарот ќе го раководи Пол ван Бокел како главен ВАР-судија и помошникот Рихард Мартенс од Холандија, исто така врвни професионалци.
– Макеле, 42-годишен полициски службеник од Дордрехт, е носител на ФИФА-беџ од 2011 година. Тој беше дел од судискиот тим на Светското првенство во Катар 2022 и учествуваше на последните две европски првенства. Меѓу неговите најистакнати назначувања се финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн пред пет години, како и финалето во Лига Европа помеѓу Севилја и Интер.
Инаку Макеле три пати ја делел правдата на македонската репрезентација, имено во 2016 година во Скопје против Италија (пораз 3:2), во 2019 година на дуелот со Словенија кога славевме со 2:1, како и во 2021 година против Германија на арената „Тодор Проески“, кога гостите победија со 4:0, а ние ја имавме честа да направиме една одлична галерија од тој величествен натпревар, иако резултатот беше на наша негатива.
Тој важи за еден од најискусните европски арбитри, со богато портфолио од околу 750 натпревари. Во оваа бројка се вклучени 362 меча од холандскиот шампионат, 54 натпревари во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, како и 31 квалификациски дуел за Европските и Светските првенства.
-
Магазин5 часаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево2 дена(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (19 ноември)
-
Временска прогноза2 денаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Кичево9 часа„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Македонија2 денаЦУК: Апелираме за на зголемена внимателност при движење низ улиците каде има проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот
-
Lifestyle2 денаКако да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома
-
Спорт2 денаМилевски: Посакувам да играме само со доверба и уживање во играта, убеден сум дека вистинскиот одговор потоа ќе следи и ќе ја постигнеме нашата цел
