Кичево
🚧⛏ Кичево: Во овие места утре ќе има прекин на водоснабдување поради дефект

ЈП „Комуналец„ – Кичево, ги известува корисниците на вода за пиење дека на ден 17.11.2021 (среда) од 08:00 до 15:00 часот ќе има прекин на водоснабдување во населбите (Раштани и Горно Пашино) како и во с.Трапчин Дол и с.Мамудовци поради дефект на една од главните цевки што ги снабдуваа со вода за пиење горенаведените населби и села.
Кичево
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.
– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.
Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.
Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.
Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (9 септември)
-
Македонија1 ден
МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (10 септември)
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи
-
Македонија4 часа
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Спорт1 ден
Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија
-
Македонија1 ден
Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Временска прогноза10 часа
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд