Кичево
Утре на плоштадот во Кичево не ги пропуштајте традиционалните јадења од с.Раштани

Утре сабота на 20.11.2021, во 13 часот на градскиот плоштад во Кичево се организира настан на традиционални јадења создадени од вредните раце на жителите од село Раштани.
Традиционални јадења како што ни правеле нашите баби и дедовци, питулици, пите, зелник и други останати традиционални јадења.
Во богатата понуда доаѓа и кетиринг услуга за свечености, свадби, крштевки, родендени и се тоа на традиционален начин.
Бидете дел, ќе биде традиционално забавно!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Автомобили1 ден
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили1 ден
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин1 ден
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Кичево7 минути
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско