Спорт
Женската А репрезентација поразена од С.Ирска, додека младите надежи до 15 години одиграа нерешено со Унгарија

Женската А репрезентација на Македонија денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” беше убедливо поразена од Северна Ирска со 11:0 во натпревар од 5 коло од европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.
Селекторот на Македонија, Кирил Изов пред самиот меч се соочи со одредени проблеми околу играчкиот кадар, поради неиграњето на нашите најважни и најдобри фудбалерки како Андонова, Рочи, Јанковска, Николовска, Чубрина, Положани, Димоска.
Овие две селекции и во наредното 6 коло ќе ги одмерат силите во Белфаст на 29. ноември.
Македонија: Магдалена Лековска, Теодора Ѓорѓевска, Ана Бошеска, Катерина Милес, Елма Шемсовиќ, Јилза Максути, Александра Марковска, Афродита Салихи, Викторија Недева, Кристина Петрушевска, Ана Милчевска;
Резерви: Верица Колевска, Кристина Павловска, Сара Коларовска, Хава Мустафа, Сара Хусеин, Јулија Живиќ, Сара Велкова, Елена Петровска, Теодора Јанковска, Христина Јошевска, Радица Чонева, Елена Панеска;
Селектор: Кирил Изов;
Во групата Д од квалификациите, Македонија по првите 5 кола има остварено 1 победа и 4 порази.
Додека младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска во Будимпешта го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Унгарија.
Натпреварот заврши нерешено 2:2. Имавме предност на полувреме со 2:1, но во вториот дел противникот успеа да изедначи.
Унгарија прва го отвори резултатот во 5. минута. Во 21. минута беше направен прекршок за најстрога казна над Грашевски, Младеновски беше сигурен од белата точка за израмнување на резултатот. Истиот играч во 38. минута го постигна и вториот гол за нашата репрезентација.
Во продолжението од средбата можеме да жалиме за неколкуте добри пропуштени шанси за гол. Противникот ја искористи својата прилика и во 55. минута успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 2:2.
Унгарија – Македонија 2:2 (1:2)
Македонија: Илиоски, Ракипи, Ристовски, Атанасовски, Спасовски, Кадриовски, Али, Киш, Младеновски, Грашески, Шаини;
Резерви: Трајковски, Хасани, Стојановски, Радески, Митров, Антониев, Перески, Кузмановски, Андоновски, Мехмед, Алиу;
Селектор: Драган Начевски;
Првиот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции, заврши исто така нерешено 1:1.
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
Спорт
Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.
Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.
Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.
ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!
Извор: ФФМ
-
Хроника22 часа
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево23 часа
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија18 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија2 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Технологија35 минути
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони