Временска прогноза
Дождот продолжува, во вторник снег и на пониските места – ова се деталите

Под влијание на влажен воздушен бран и циклонска активност со центар над Италија, времето во Македонија за време на овој викенд ќе биде променливо облачно, особено во западните предели со повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, додека утре доцна попладне и навечер истите ќе се прошират на повеќе места. Ќе има услови и за локална нестабилност, особено на запад и проследена со пороен дожд и со појава на грмежи, додека на високите планини ќе има повремени врнежи од снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Истиот повремено на некои места ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час).
Поради јужното воздушно струење, овој викенд температурите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.
Вкупното количество на воден талог во западните предели во следниот период ќе надминува 50 л/м2.
Поголемо заладување на времето се очекува ќе има во почетокот на следната недела, односно во вторник, кога услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска визочина. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (28 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Временска прогноза2 дена
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје12 часа
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Магазин2 дена
iOS 26: Ова се iPhone моделите што добиваат надградба
-
Lifestyle2 дена
Кајгана како од хотел: кремаста, богата и совршена со еден едноставен трик
-
Магазин2 дена
Крај на една ера: Microsoft се збогува со „Blue Screen of Death“