Македонија
Бензините од ноќеска се намалуваат, дизелот останува иста цена

РКЕ денес одлучи бензинот од 95 и 98 октани, како и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ да се продаваат по цена пониска за 0,5 денари по литар. Цената на дизел горивото останува по иста цена.
Еуеросупер БС – 95 ќе чини 74,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава по цена од 76,50 денари, дизел горивото за 66,50 денари
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Кичево22 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Lifestyle1 ден
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Временска прогноза10 часа
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Македонија2 дена
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово