Македонија
Денешен Ковид-19 биланс, нови 342 случаи..

Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 135
• Битола – 35
• Велес – 17
• Прилеп, Кавадарци и Берово – 16
• Охрид – 15
• Куманово – 13
• Струмица – 10
• Штип – 9
• Кочани и Гевгелија – по 8
• Свети Николе и Ресен – по 6
• Радовиш и Валандово – по 5
• Делчево – 4
• Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2
• Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од:
• Скопје – 141
• Битола – 33
• Прилеп – 25
• Кавадарци – 21
• Велес – 18
• Кочани – 14
• Ресен и Валандово – по 10
• Гевгелија и Делчево – по 8
• Штип – 7
• Берово, Крива Паланка и Демир Хисар – по 6
• Струмица и Свети Николе – по 5
• Радовиш, Неготино и Тетово – по 4
• Пехчево – 3
• Охрид и Пробиштип – по 2
• Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037
Македонија
Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Македонија
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.
„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.
Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 34-та година, самостојна и независна Македонија!“
Македонија
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
-
Кичево1 ден
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево22 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево6 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Спорт3 часа
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Музика9 минути
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!