Временска прогноза
Доаѓа голем влажен бран кој носи дожд и снег, ова се најновите детали…
Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови, и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе има локални врнежи од дожд, а на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер, како и во текот на ноќта повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Според Попоски, под влијание на ПОГОЛЕМ влажен бран, утре и во вторник времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2), додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежи од снег ќе има и на повисоките места, а во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Во вторник снежна покривка ќе се формира и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во вторник истиот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во вторник истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.
Пишува Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, Ла Ниња повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни.
Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, за јавноста информира Славчо Попоски
Временска прогноза
На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3/4 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника21 часД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Кичево1 денВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Lifestyle1 денКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Магазин1 денApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Социјални мрежи4 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Спорт1 денВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
