Македонија
Ова не било до сега, големо намалување на цената на горивата!

Гориво по пониска цена, регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар
Ова ќе биде новата цена:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Македонија
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“

Од АМСМ информираат дека на 23 и 24 август 2025 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани – Прилеп, поради одржување на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“, сообраќајот ќе биде во прекин.
Сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Македонија
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, лишени од слобода две лица

Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички.
Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик, истакна МВР.
-
Хроника17 часа
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (22 август)
-
Култура1 ден
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија8 часа
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Временска прогноза22 часа
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд
-
Магазин2 дена
Nintendo Switch 2 поставува нов рекорд: продадени над 6 милиони конзоли за помалку од еден месец