Спорт
Канатларовски повика 25 фудбалери од генерацијата 2002-2003 за два контролни меча против Косово

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16. и 18. декември во Скопје.
Првично, беа закажани два натпревари против Црна Гора, но гостинската репрезентација го откажа доаѓањето во Скопје.
За двете пресметки против Косово, селекторот Канатларовски ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Беласица), Александар Анѓелкоски (Гостивар);
Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаку (Гронинген, Холандија), Кристијан Тасевски (Аузбург, Германија), Уран Незировски (Хартберг, Австрија), Горазд Стојменов (Словачко, Чешка), Имран Фетаи (Гостивар), Виктор Крстевски (Пелистер), Андреј Стојчески (Академија Пандев), Решат Рамадани (Шкендија);
Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Кристијан Георгиевски (МТК, Унгарија), Лука Станковски (Работнички), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Леонит Игњатов (Скопје), Ване Крстевски (Академија Пандев);
Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Кристијан Малески (Струга Трим Љум), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска);
Драги Канатларовски – селектор на македонската репрезентација до 21 година:
– Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари да им дадеме шанса на фудбалерите од генерацијата 2002/2003 (генерација која ќе ги игра натпреварите во нашите следни квалификации за ЕП) да го покажат својот потенцијал и да не уверат дека имаат квалитет за настап во селекцијата до 21 година. Во суштина, ова е селекција до 20 години, многу значајна за нас бидејќи досега постојано се соочуваме со проблем откако една генерација ќе ја надмине возрасната граница. Тренинг кампот, секако ќе биде од корист за нас, да видиме со што располагаме и се надевам дека сите ќе бидеме на посакувано ниво и ќе ја оствариме целта. Најбитно за нас е да потврдиме дека во оваа група на фудбалери има квалитет и може да биде цврста основа за следните квалификациски предизвици“.
Натпреварите против Косово на 16. и 18. декември се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево2 дена
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево1 ден
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Скопје1 ден
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
-
Македонија11 часа
Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Спорт15 часа
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство