Скопје
Скопјанка на паркинг пријавила дека непознат човек ја допрел по телото по што влегла во кола и веднаш го напуштила местото

На 10.11.2021 во 23.10 часот во СВР Скопје 37 годишна жителка на Скопје пријавила дека околу 22.25 часот на паркинг на подрачје на Аеродром едно лице ја допрело по телото, по што таа влегла во своето возило и заминала, а лицето почнало да се самозадоволува.
Ден потоа на 11.12.2021 во 09.00 часот во СВР Скопје, Љ.З.(21) од Скопје пријавил дека во спортска обложувалница на подрачје на Чаир едно лице со закана му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За двата случаи се преземаат мерки за расчистување на истите..
Извор: МВР
Скопје
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош, информира МВР.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, информира МВР.
Скопје
Во ПС Карпош пријавено дека исчезнато е дете на 8 годишна возраст

Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил неговиот син А.Џ. (8), кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известува МВР за јавноста.
-
Хроника9 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Македонија1 ден
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина21 час
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје9 часа
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор