Македонија
„Рурална Коалиција“ со дечињата од ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – „Едукацијата на децата – клучна за активно прилагодување на локалната заедница кон климатските промени“
Секоја деценија обемот на земјоделското производство се намалува за 6%, што значи дека за секои 10 години ние имаме помали количини на храна. Според податоците на Обединетите Нации само во 2020 година бројот на луѓе во светот кои што немаат доволно оброци во текот на еден ден е зголемен за 20%. Во голем дел ваквите загрижувачки податоци се должат и на климатските промени, а сеуште најголемиот дел од населението во нашата држава смета дека не придонесува директно кон создавањето на климатските промени, а уште помалку презема мерки за ублажување на нивните ефекти.
Една од клучните активности со кои што може да се промени моменталната состојба кога се во прашање климатските промени е едукацијата. Рурална Коалиција помина два месеци во кампања и неформална едукација за климатските промени во земјоделството при што беа посетени над 30 села на целата територија, но за да може промената да се направи од корен потребно е за климатските промени да се говори, но и да се делува од најмали нозе.
Токму затоа во соработка со ООУ Кузман Јосифоски – Питу од Кичево се спроведе практична едукација и работа на тема: „Климатска едукација – СЕГА и ВЕДНАШ!“ каде што учениците од трето и четврто одделение имаа можност да слушнат што всушност значат климатските промени, како тие влијаат на призводството на храна, но и како може да делуваме кон ублажување и прилагодувањ кон ефектите кои што климатските промени ги создаваат, а кои што влијаат на нашето секојдневно живеење.
Климатската едукација со учениците се спроведуваше во текот на месец ноември и декември, а се подготви и изложба на ликовни творби како децата гледааат на климатските промени и како ги разбираат истите.

– „Климатските промени се една тема на која што мора многу посветено да се работи, како и да се зголемува фондот на часови и едукација на учениците на оваа тема, како би можеле да создадеме образовани, но и подготвени млади луѓе за акција за ублажување и прилагодување кон климатските случувања на кои што сме сите сведоци денес, а нашето училиште тоа настојува да го прави на секој можен начин, како што впрочем е и оваа акција организирана денес“, истакна директорката на училиштето, Илинка Анѓелеска.
– „Ние сме првата генерација на луѓе која што ги чувствува ефектите од климатските промени, но и последната која што може да превземе нешто за да се ублажат ефектите, а во исто време и да се прилагодиме на новите климатски услови и да продолжиме со она најважното, а тоа е производството на храна кое што за жал како што доаѓаат годините ќе биде се помало, а земјоделските производи се поскапи. Токму затоа ни се потребни ваквите акции и соработки за да може реалните случувања и можности за делување на оваа тема да ги пренесеме и во образовниот процес и при тоа истите да станат пракса во сите образовни институции, затоа што младите се тие кои што ги потикнуваат, но и ги носат промените со себе, а најдобро на нивната свест може да влијае од најмали нозе, па така нашата крајна цел е воведување на редовна и задолжителна едукација за клима и климатските промени како посебен наставен предмет„ – напомена Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.

Во таа насока, како и заради заедничките заложби Рурална Коалиција и ООУ Кузман Јосифоски – Питу денес потпишаа и меморандум за соработка во кој што се обврзаа и понатаму редовно да работат на заеднички едукативни активности на полето на климатските промени, но исто така и на сите останати теми кои што се поврзани со производството на храна и создавањето на одржлив развој во заедницата.

Едукативната кампања е дел од проектот „Климатска акција за климатските промени во земјоделството“ кој што Рурална Коалиција го спроведува со финансиска поддршка на Фондација Отворено Општество – Македонија, а годишниот план за работа на Рурална Коалиција е поддржан од Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Македонија
МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.
По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.
Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.
Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.
Македонија
Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,057 ден/кг, истакна РКЕ.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево1 денД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Lifestyle1 денКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин1 денGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин1 денXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
-
Магазин1 денAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
-
Кичево8 часаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
