Следете не

Спорт

ФФМ дел од кампањата на ЕУ и Советот на Европа – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“

Објавено пред

на

Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашето секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество.

Токму ова беше поентирано на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубовта!“, која е фокусирана на борбата против говорот на омраза.

На настанот главните пораки на кампањата ги споделија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Првата дама на Република С. Македонија, г-дин Фрејк Јанмат, Оперативен раководител за економски развој, владеење на право и јавна администрација од Делегација на ЕУ во Скопје, г-ѓа Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и г-дин Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Споделете ја љубовта!“ има за цел да ја подигне свеста за различните форми на говор на омраза насочена кон одредени заедници и поединци во македонското општество и начините за борба против него. Во текот на следните месеци ова движење за подигање на свеста ќе се прошири „онлајн“ преку веб и каналите на социјалните медиуми, како и преку јавните настани. Кампањата ќе вклучи истакнати јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права, кои ќе промовираат различност и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични раскажувања, сведоштва и размена на позитивни пактики.

Фудбалката федерација на Македонија дава континуираната поддршка

на нашите партнери со кои ја споделуваме оваа благородна кампања за „толеранција“, „почит“, „разноликост“, „мир“.

Во своето излагање, Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија ја нагласи важноста на борбата против говорот на омраза во секое поле на општеството, вклучително и спортот.

ФФМ преку својата платформа ја нагласува нашата цврста заложба за славање на инклузивноста и различноста. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Тоа значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот.

„Како водечко фудбалско тело во државата постојано и низ промотивни пораки и кампањи, но и со учество на нашите фудалери од репрезентацијата и клубовите во македонската лига праќаме силна порака дека во спортот нема место за расизам, дискриминација и нетолеранција, а нашата федерација има политика на нула толеранција кон таквото однесување“.

Во своето обраќање, сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска посочи  дека единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите. „Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството“, рече г-а Ѓоргиевска.

Фрик Јанмат, Раководител за операции за економски развој, владеење на правото и јавна администрација во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ја истакна неодамнешната иницијатива на Европската комисија „Комуникација до Европскиот парламент и Советот“, за проширување на листата на ЕУ за злосторства од говор на омраза и кривични дела од омраза, и на тој начин овозможуваат ефективен и сеопфатен казнено-правен пристап кон овие појави на ниво на ЕУ, заедно со доследна заштита на жртвите на таквите дела.

„Како и да е, говорот на омраза и кривични дела од омраза треба да се решат и преку превенција преку препознавање на овие опасни појави. Затоа, и засегнатите страни и граѓаните, младите и возрасните, можат да се соединат во решавањето на овие прашања, почнувајќи од соработка, образование и подигање на свеста, повторно воспоставување дебатна култура која се заснова на меѓусебно почитување и преку размена на аргументи и контра-аргументи, почитување на човечкото достоинство, прифаќање на различностите.“, нагласи Jанмат.

Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска истакна Поракта на оваа кампања треба да допре до секој граѓанин, посочувајќи на реалната опасност од говорот на омраза што е се поприсутен меѓу нас во сите сфери на живеењето, особено на социјалните медиуми. Токму затоа оваа кампања е насочена кон говорот на љубов, бидејќи љубовта е чин на одобрување, не дискриминација, прифаќање и толеранција без разлика на раса, етничка, религиска, политичка или сексуална припадност. Не се сите видови дискриминатроски активности предизвикани од говор на омраза, но речиси секој говор на омраза се базира на дискриминација. “

Познати јавни личности од Северна Македонија се јавија за поддршка на оваа кампања како амбасадори за борба против говор на омраза меѓу кои: Луљета Адеми – граѓански активист; Денис Јанкуловски – медицински работник и Европеец на годината 2021 година; Силвана Мучиќ Плевнеш – позната пејачка и дел од популарната група Силви Бенд, Огнен Јанески – ТВ водител и активист за човекови права; Бесфорт Идризи – актер; и младата европска амбасадорка Дона Срдиќ. Тие имаа можност да ги споделат своите пораки за време на почетокот на настанот и го кренаа својот глас за слободно општество без омраза и дискриминација.

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево43 минути

Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за среда (8 октомври)

ОВЕН Ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите, особено кога станува збор за љубовни интереси и односи со...

Кичево13 часа

Кичевските бербери на состанок одлучија да ги поскапат нивните услуги

Почитувани граѓани, по одржаната средба со сите бербери од градот, е донесена заедничка одлука за усогласување и промена на ценовникот...

Хроника21 час

По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ

Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по подолга и тешка болест поради која беше...

Технологија1 ден

„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони

Qualcomm ги претстави најновите членови на својата серија Snapdragon X процесори за лаптопи, паралелно со новиот систем-на-чип за премиум мобилни...

Македонија1 ден

Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (7 октомври)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат...

Хроника2 дена

Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна...

Кичево2 дена

Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 82 годишнина од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

НАЈЧИТАНИ