Следете не

Свет

Рекорден број на заразени со Ковид во Европа, најкритично во Франција, Италија, Грција, Португалија и Англија

Објавено пред

на

Полска денеска пријави 794 смртни случаи од корона вирусот, што е највисоко во еден ден за време на четвртиот бран на пандемијата, изјави за Sent News заменик-министерот за здравство Валдемар Краска.

Полска со денови има постојано голем број новозаразени, поради што властите ги заострија епидемиолошките мерки, пренесува Ројтерс. Според последните податоци, во Полска се регистрирани 15.571 нови случаи.

Организирана измама во Виенскиот центар за вакцинација

Во виенскиот „Австриски центар“, каде што илјадници луѓе секојдневно доаѓаат да ја примат вакцината против коронавирусот, полицијата откри организирана измама.

На противниците на вакцинацијата им беше дозволено да вадат пасоши за вакцинација во овој центар без да примаат вакцини.

„Неколку црни овци“ се обиделе да се збогатат со фалсификувани потврди за вакцинација, а на противниците на вакцинацијата им биле издавани лажни пасоши за вакцинација. Тоа била организирана акција. Прво земале пари од луѓето, а подоцна, без вакцината, ги внесувале во системот како имунизирани, тврдат од „Австрискиот центар“.

Според организацијата „Samariterbund“, во оваа измама биле вмешани повеќе лица, кои работеле на различни станици од процесот на вакцинација.

Во посебни штандови во пасошите за вакцинација се внесуваа печати со потврдата за вакцинација. Случајот е откриен бидејќи кај еден администратор биле откриени невообичаено голем број вакцини.

Меѓу осомничените нема лекари, а откриените измамници се отпуштени и против нив е поднесена пријава.

Во „Австрискиот центар“ се преземени дополнителни безбедносни мерки за да не се повторат слични работи. Докторката Ивет Закаријан за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ изјавила дека и самата била сведок на печат и вакцинирање во пасошот за вакцинација.

Таа пренесе и дека имало проблеми со кражбата на лекарските печати, кои исчезнале кога лекарите излегле на пауза за ручек. Поради овој проблем воведен е нов систем според кој печатите се бројат секојдневно и се издаваат на лекар со потпис и мора да се враќаат при секоја пауза.

Рекорден број на заразени со Ковид во Европа

Неколку европски земји пријавија најголем дневен пораст на случаи на ковид од почетокот на пандемијата, поради ширењето на омикорн сој.

Франција, Италија, Грција, Португалија и Англија пријавија рекорден број дневни инфекции.

Официјалните лица, сепак, велат дека високите бројки може делумно да се должат на доцнењето во известувањето за време на божиќниот период.

Полска денеска забележа 794 смртни случаи од Ковид, што е најголем број во четвртиот бран на пандемијата, со повеќе од три четвртини од починатите биле невакцинирани.

Во исто време, портпаролката на ЦДЦ за „Политико“ изјави дека најновите бројки на заразени може да бидат преценети поради доцнењето на тестирањето и затворањето на центрите за тестирање за време на Божиќ, а бројот на заболени ќе се стабилизира по новата година. .

Според извештајот на СЗО објавен вчера, бројот на нови инфекции со Ковид се зголемил за 57 отсто во Европа во неделата што завршува на 26 декември, а за 30 отсто во САД.

Франција вчера пријави 179.807 нови инфекции, што е најголем број дневни случаи во Европа досега.

Француската министерка за здравство Оливија Веран предупреди дека „сè сугерира“ дека Франција може да има дури 250.000 случаи на ден до почетокот на јануари, додека Француската федерација на болници објави дека „најтешките недели допрва доаѓаат“.

Францускиот премиер Жан Кастекс најави нови ограничувања претходно оваа недела, а давањето на засилена доза во земјата е забрзано.

И бројни други европски земји вчера пријавија рекорден број дневни случаи.

На пример, во Италија, бројот на заразени надмина 78.000 случаи, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата. Регистрирани се и 202 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјава се искачи на 136.753.

Португалија забележа 17.172 нови случаи.

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис повика на смиреност откако земјата пријави 21.657 случаи, додека здравствените власти во Англија пријавија рекордни 117.093 случаи.

Студиите сугерираат дека омикронот е поблаг од сојот делта, но сè уште постојат стравувања дека голем број случаи предизвикани од омикрон би можеле да ги „преземат“ болниците.

Сепак, Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека ризикот од омикрон „се уште е многу висок“.

Русија: Најмал број новозаразени од крајот на септември, 21.119

Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 21.119 случаи на коронавирус, што е најмал дневен број на новозаразени од 22 септември, соопшти денеска Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Според Кризниот центар, во земјава се регистрирани вкупно 10.458.271 случаи на заболени од Ковид-19, јавува агенцијата ТАС С.

Како што се наведува, релативниот пораст на новозаразените е на ниво од 0,2 отсто.

Бројот на починати од последиците од заразата Ковид-19 во Русија во изминатите 24 часа е 932, наспроти 935 смртни случаи претходниот ден.

Вкупно 307.022 пациенти починале во Русија од почетокот на пандемијата, според Кризниот центар.

/RTV/

Свет

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bill Jelen

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно во 19:30 часот по источна временска зона. Полетувањето беше поддржано од 33 „Раптор“ мотори на метан, а по приближно три минути лет беше извршено раздвојувањето на засилувачот и горниот степен.

При враќањето, бустерот „Суперхеви“ првпат изведе специјален маневар – наместо да слета со истите мотори, намерно ги исклучи и се префрли на резервните. Овој експеримент треба да им даде на инженерите увид во тоа како системот реагира при евентуален дефект. Маневарот се одвиваше како што беше планирано, а 75-метарскиот бустер прецизно заврши во Мексиканскиот Залив.

Горниот степен – исто така наречен „Старшип“ – стигна во орбитата и таму за првпат го отвори товарниот отсек, сличен на дозерка за „Пез“ бонбони, од каде беа ослободени осум тест сателити што имитираат маса на „Старлинк“. Тоа е демонстрација што SpaceX долго ја планираше, но не успеваше да ја реализира во претходните летови. Дополнително, еден „Раптор“ мотор беше повторно запален во вселенски услови, пред леталото да биде насочено кон Индискиот Океан, каде што по ударот се преврте и експлодираше.

За време на повторното влегување во атмосферата, надворешноста на леталото беше изложена на екстремни температури, што овозможи значајно тестирање на надградениот термички штит. Инженерите намерно отстранија дел од плочките и поставија нови метални и активнo ладени елементи, за да ја оценат издржливоста на обвивката.

Најголемото достигнување сепак беше тоа што „Старшип“ ја заврши целата мисија и се спушти во Индискиот Океан без губење на врската со контролниот центар – нешто што SpaceX го смета за клучна пресвртница во развојот на ракетата.

Извор: spaceflightnow.com

Прочитај повеќе...

Свет

„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kanchanara

„Етериум“, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, забележа раст од 6% и се тргува над 4.680 долари по токен — многу блиску до рекордното ниво достигнато во 2021 година.

Според аналитичарот Том Ли, голем дел од крипто-проектите и стабилните дигитални токени на Вол Стрит, кои се поддржани од средства како американскиот долар, се градат врз инфраструктурата на Ethereum.

Матичниот токен на оваа платформа, етер (ETH), порасна за над 50% откако беше донесен Законот GENIUS минатиот месец. Овој закон обезбедува регулаторна поддршка за индустријата на стабилни токени, што придонесе за зголемена доверба кај инвеститорите.

Дополнително, Комисијата за хартии од вредност неодамна го најави „Проектот Крипто“ — иницијатива за модернизација на агенцијата и воведување појасни регулативи за дигиталните средства. Овој чекор исто така одигра важна улога во поддршката на растот на „Етериум“

Аналитичката куќа Fundstrat предвидува дека цената на ETH може да достигне и до 15.000 долари до крајот на годината.

Во изминатите пет трговски денови, вредноста на етерот порасна за 16%, наспроти 4% раст на биткоинот. Зголемениот интерес доаѓа и од компании што собираат капитал за купување етер, слично на стратегијата што ја користи MicroStrategy со биткоинот. Според Спенсер Халарн од крипто-платформата GSR, токму овие приливи од институционални инвеститори придонеле за дополнителен раст на цената.

„Овој позитивен тренд дополнително го зголемува интересот на инвеститорите“, изјави Халарн за Yahoo Finance.

Еден од најактивните играчи е BitMine Immersion Technologies (BMNR), каде претседател е Том Ли од Fundstrat. Компанијата најави планови за продажба на нови акции во вредност од 20 милијарди долари, со цел да го зголеми својот удел во Ethereum и на крај да поседува 5% од вкупниот број на ETH токени во оптек. Акциите на BitMine се зголемија за околу 80% во последните пет дена.

Сличен раст бележат и други компании како SharpLink Gaming (SBET) и BTCS (BTCS), кои следат стратегии за интегрирање на Ethereum во своите деловни модели, забележувајќи пораст од 8% во последните пет сесии.

Извор: CNBC

Прочитај повеќе...

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (29 август)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Хроника10 часа

Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија....

Спорт11 часа

Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола...

Кичево14 часа

(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“

По повод 28 август –  „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (28 август)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

Фото: Chris G @ unsplash Фото: Chris G @ unsplash
Автомобили2 дена

Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера

По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин2 дена

Apple ќе ги открие новите модели на iPhone на 9 септември

Apple официјално испрати покани за својот голем есенски настан, кој ќе се одржи на 9 септември во Купертино. Настанот традиционално...

Спорт2 дена

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4...

Македонија2 дена

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен...

Свет2 дена

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно...

НАЈЧИТАНИ