Следете не

Свет

САД: Поради снежно невреме 500.000 луѓе останале без електрична енергија

Објавено пред

на

Силната снежна бура, која во неделата започна во Америка, остави без струја околу половина милион луѓе на југоистокот на земјата, сега се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради катастрофата, пишува „Форбс“ во својот извештај денеска.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе напаѓа снег од 20 до 30 сантиметри.

Според „Accuweather“, снегот веќе паднал, или се очекува да падне во Балтимор, Филаделфија, делови од Делавер, Мериленд, Њу Џерси и Вирџинија.

Државниот завод за човечки ресурси соопшти доцна синоќа дека федералните служби во главниот град денеска ќе бидат затворени и дека на работниците кои не работат во итните служби ќе им биде дозволено да не доаѓаат на работа, но не и на работниците вработени во итните служби.

Неколку училишни области во Мериленд и Вирџинија се затворени поради снежното невреме, а државните училишта во Вашингтон денеска и утре ќе бидат затворени, како дел од големиот тест за КОВИД, па отворањето се очекува дури во четврток.

ФОТО: Nick_H / pixabay
Извор: rtv.rs

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Свет

Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Bryan Angelo

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.

Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.

Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:

– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“

Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com

Извор: aboutamazon.com

Прочитај повеќе...

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Ноќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко

На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (23 ноември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (22 ноември)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

Спорт2 дена

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК...

Македонија2 дена

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин2 дена

Microsoft ја враќа една од најбараните функции

Microsoft конечно ја враќа една од најбараните функции на лентата со задачи во Windows 11. Иако Windows 11 веќе не...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин2 дена

YouTube повторно воведува директни пораки: Моментално се тестира!

YouTube го тестира враќањето на директните пораки, дозволувајќи им на корисниците да споделуваат видеа и да разговараат во рамките на...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин2 дена

За прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone

Серијата Pixel 10 ја воведува првата вистинска директна размена на датотеки помеѓу Android Quick Share и Apple AirDrop, без потреба...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин2 дена

Gemini го претвора текстот во видео

Gemini сега може да креира клип од 8 секунди директно од текстуално барање. Google официјално ја претстави новата функција за...

Фото: Oberon Copeland @ unsplash Фото: Oberon Copeland @ unsplash
Магазин2 дена

Roblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни

По зголемениот притисок од родители и институции, Roblox конечно воведува проширени безбедносни мерки со цел подобра заштита на малолетниците. Новите...

НАЈЧИТАНИ