Следете не

Свет

Криза во европските земји поради новото правило за забрана на најпопуларните мастила за „тетоважи“

Објавено пред

на

Салоните за тетоважи ширум Европската унија се соочуваат со криза бидејќи стапува на сила новото правило кое забранува употреба на повеќето од најпопуларните мастила за тетоважи.

Ограничувањата, кои стапуваат на сила денеска, се однесуваат на супстанции кои можат да предизвикаат рак или други здравствени проблеми, а најмногу се поврзани со мастило во боја, јавува Би-Би-Си.

ЕУ наведува дека со овие правила ќе се намали бројот на несакани ефекти, но уметниците за тетоважи се жалат дека мастилата за замена не се лесно достапни и дека може да им недостига живост што ја сакаат клиентите.

Законот ја ограничува употребата на одредени хемикалии за кои ЕУ предупредува дека се опасни, од кои некои се поврзани со рак, проблеми со репродуктивното здравје и иритација на кожата, а кои се во мешавина од мастила за тетоважи и трајна шминка, додава Ројтерс.

Договорот за законот беше постигнат во декември.

Извор: rtv.rs
Фото: cottonbro / pexels

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин7 минути

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили20 минути

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle45 минути

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија2 часа

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт2 часа

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза5 часа

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија12 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје16 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево22 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

НАЈЧИТАНИ