Македонија
И денеска висока бројката на заболени од Ковид, ова е билансот по градови
Во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 852
• Битола – 135
• Прилеп – 70
• Куманово и Кавадарци – по 38
• Охрид и Штип – по 25
• Струмица – 21
• Ресен – 18
• Тетово и Гевгелија – по 14
• Неготино – 13
• Гостивар, Велес и Радовиш – по 10
• Валандово – 9
• Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8
• Кичево и Богданци – по 7
• Делчево и Крива Паланка – по 6
• Кочани – 5
• Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3
• Дебар, Кратово и Пехчево – по 2
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од:
• Скопје – 116
• Охрид – 13
• Прилеп – 12
• Битола – 10
• Струмица и Куманово – по 9
• Кавадарци – 8
• Гевгелија – 4
• Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3
• Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2
• Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818
Македонија
МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти, поднесена кривична пријава
На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти.
Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.
Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418 -а и 418-б од Кривичниот законик.
Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од илегални мигранти од Грција до камповите. Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлување на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија, предмалку соопшти МВР.
Македонија
Поскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит,
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 69,50 ден/лит.
/РКЕ
Македонија
Нелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа О.Ц. (20) од Република Албанија.
Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево13 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп23 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт1 ден(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза22 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт1 ден(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија8 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Здравје и убавина1 денАко ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас
-
Македонија1 денПоради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово
