Мобилни уреди
Објавена листа на мобилни модели и приказ кој телефон повеќе зрачи

Германската федерална канцеларија за заштита од радијација објави листа на телефони кои најмногу зрачат. Во текот на изминатата година, корисниците ширум светот поминаа повеќе време на своите мобилни телефони од кога било досега, продолжувајќи го трендот на брз раст поттикнат од пандемијата.
Во 2021 година, просечниот корисник во светот секој ден поминувал 4,8 часа на својот мобилен, што е раст од 30 проценти за само две години.
Можеби уште позвучен е фактот што корисниците, според тоа, посветиле третина од своето време во кое не спијат, само пишувајќи и гледајќи во телефонот.
Бидејќи телефонот толку го користиме и секогаш ни е блиску, се поставува прашањето дали ни штети, а германската федерална служба за заштита од радијација направи инфографик.
Моментално телефонот кој најмногу зрачи е „Motorola Edge“. Порано „Ајфон“ беше на врвот на листата, но сега „Епл“ го смени тоа и ги нема ниту во Топ 10.
Погледнете ја целата листа:
The Phones Emitting the Least Radiation #SAR – Specific Absorption Rates (SAR) for mobile phones
👊 Sad that #Apple is not on this list
The German Federal Office for Radiation Protection (Bundesamt für Strahlenschutz) has a comprehensive database of s…https://t.co/K5TpDm3GB2
— Dorian Stefan 👊🏻 (@dorianstefan) August 31, 2018
Извор: Спутник / sputniknews.com
Магазин
Google откри како ќе изгледа Pixel 10 – нова камера и редизајн? (ВИДЕО)

Официјалното претставување е закажано за 20 август
Google повторно ја следи својата традиција – со рано откривање на изгледот на барем еден од своите нови Pixel телефони. Овојпат, тоа се случува речиси еден месец пред официјалната премиера, закажана за 20 август.
На насловната страна на Google Store се појави кратко промотивно видео, кое ни дава прв поглед на она што се претпоставува дека е основниот Pixel 10. Видеото открива дизајн сличен на минатогодишниот Pixel 9, но со неколку значајни измени.
Google COOKED with this Pixel 10 ad! 🔥 pic.twitter.com/I5LSpzydqz
— Pixlo (@pixlospot) July 21, 2025
Кои се новитетите?
-
Нова сиво-сина боја, која му дава модерен и освежен изглед.
-
Редизајнирана задна страна – изгледа како површината на телефонот да “излегува” од рамката.
-
Трета камера – за првпат, и основниот модел можеби ќе добие телефото објектив.
Да потсетиме, Pixel 9 беше опремен само со широкоаголна и ултраширокаголна камера, додека телефото леќата беше ексклузивна за Pixel 9 Pro. Новите протечени информации сугерираат дека во 2025 година сите Pixel модели би можеле да имаат трикамерен систем.
Иако видеото не открива многу технички детали, се претпоставува дека Google ќе се фокусира на подобрувања под хаубата – како новиот чипсет Tensor – наместо на драматичен редизајн на уредот.
Сè ќе биде јасно на 20 август, кога Google ќе ги открие сите детали за новите Pixel 10 уреди.
Извор: B92
Магазин
Дали е штетно батеријата да се полни неколку пати на ден?

Не, честото полнење на телефонот не е штетно – напротив, полнењето во пократки интервали може да помогне батеријата да трае подолго. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии, кои се дизајнирани да издржат ваков начин на полнење, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење.
Исидор Бухман, основач на „Cadex Electronics“, објаснува дека треба да се избегнува редовно полнење од 0% до 100%, освен ако батеријата не покажува проблеми како ненадејно исклучување иако е прикажано дека е наполнета. Во такви случаи, целосен циклус може да помогне во калибрација на сензорот за батерија.
Литиум-јонските батерии обично траат 2 до 3 години или околу 300 до 500 циклуси на полнење, по што нивниот капацитет се намалува за околу 20%. За разлика од претходните верувања, денес не е потребно батеријата целосно да се празни за да се зачува нејзиниот век. Всушност, повеќето производители, вклучувајќи го и Samsung, препорачуваат батеријата да се одржува над 50% секогаш кога е можно.
Препораки за оптимално полнење:
-
Полнете го телефонот кога ви одговара, без страв дека ќе ја оштетите батеријата.
-
Избегнувајте батеријата да паѓа под 20% колку што е можно поретко.
-
Не оставајте го телефонот долго време на полнач откако ќе се наполни до 100%.
-
Целосно празнење (до 0%) правете само повремено, доколку е потребно за калибрација.
Малите, повеќекратни полнења во текот на денот се безбедни и дури препорачливи. Она што треба да се избегнува се екстремите – редовно празнење до нула или долготрајно држење на полнач кога батеријата е целосно наполнета.
На овој начин, батеријата на вашиот телефон ќе трае подолго и ќе функционира поефикасно.
Извор: Benchmark
Мобилни уреди
Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува дека Apple повеќе не е единствениот лидер на пазарот. Иако ги зазема првите четири позиции, Android уредите успеаја да се изборат за половина од топ 10 листата, при што Samsung доминира со четири модели, а Redmi се појавува со еден.
Од Samsung, меѓу најпродаваните се најдоа моделите: Galaxy A16 5G, Galaxy A06, Galaxy S25 Ultra и Galaxy A55 5G. Особено се истакнува Galaxy A16 5G, кој е на петтото место, но е најпродаваниот Android телефон во овој период.
Galaxy S25 Ultra, како единствен премиум Android модел на листата, е на седмото место – нешто пониско во споредба со неговиот претходник, S24 Ultra, кој лани беше петти. Причина за ова е неговото подоцнежно лансирање, што резултираше со пократок период на продажба. Сепак, серијата S25 во целина се продава стабилно, претставувајќи околу 25% од вкупната испорака на Samsung во месеците кога беше достапна.
Redmi 14C 4G е моделот кој ѝ обезбеди на оваа марка место меѓу најпродаваните Android телефони.
Apple, пак, доминира на врвот со моделите iPhone 16, 16 Pro Max, 16 Pro и iPhone 15, кои се на првите четири позиции. iPhone 16 Plus го зазеде десеттото место. Забележително е што iPhone 15, и покрај тоа што е на пазарот речиси две години, сè уште се продава одлично, благодарение на привлечната цена. Иако iPhone 16e не е меѓу првите десет, се очекува да има подобри резултати од претходните SE модели во текот на првата година.
Извор: counterpointresearch.com
-
Кичево2 дена
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива наизменично
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Изгасен голем пожар во близина на с.Белица, ТППЕ и граѓаните спречија поголема катастрофа!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (22 јули)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за среда (23 јули)
-
Македонија2 дена
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонски и српски полициски службеници
-
Магазин1 ден
Дали Nokia се враќа на пазарот на паметни телефони?
-
Магазин1 ден
ChatGPT достигнува 2,5 милијарди дневни барања
-
Lifestyle1 ден
10 грешки што го расипуваат вашиот домашен сладолед – и како да ги избегнете