Македонија
Денес 2,071 нов случај на Ковид-19 од 6,010 тестови..
Во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19:
• Скопје – 1.047
• Битола – 178
• Кавадарци – 89
• Куманово – 73
• Тетово – 66
• Гевгелија – 63
• Прилеп – 47
• Кочани – 42
• Велес – 41
• Гостивар – 39
• Неготино – 37
• Струмица – 33
• Кичево и Ресен – по 28
• Охрид, Берово и Валандово – по 25
• Делчево – 24
• Штип – 22
• Струга и Радовиш – по 21
• Свети Николе – 14
• Крушево и Демир Хисар – по 11
• Богданци – 10
• Крива Паланка – 9
• Македонска Каменица – 8
• Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6
• Виница и Македонски Брод – по 3
• Демир Капија и Дојран – по 2
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од:
• Скопје – 702
• Битола- 158
• Прилеп – 116
• Куманово – 55
• Кавадарци – 48
• Охрид – 33
• Штип – 30
• Велес – 28
• Струмица – 27
• Радовиш – 26
• Валандово – 24
• Гевгелија – 23
• Тетово – 21
• Гостивар и Кичево – по 19
• Ресен – 16
• Кочани, Неготино и Крушево – по 14
• Свети Николе – 12
• Берово и Пробиштип – по 8
• Струга и Крива Паланка – по 7
• Богданци – 4
• Пехчево и Демир Капија – по 3
• Демир Хисар, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 2
• Делчево, Дебар и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714
Македонија
Нов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, известува МВР за јавноста.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Временска прогноза21 часПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Хороскоп6 часаХороскоп за петок (14 ноември)
-
Македонија2 денаНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Магазин2 денаВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Здравје и убавина2 денаНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
-
Lifestyle18 часаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
