Свет
Еврото падна во однос на доларот, биткоинот на минимум во последните шест месеци

Доларот денеска благо зајакна во однос на кошничката водечки валути, додека еврото падна при тргувањето во Азија, бидејќи на берзите владее нервоза поради тензиите во Украина и можното поагресивно зголемување на референтната стапка на Федералните резерви (ФЕД) на оваа неделна сесија.
На крипто-пазарот, биткоинот се тргува блиску до шестмесечен минимум, што е дополнителен знак на паника кај инвеститорите кои се обидуваат да се „извлечат од ризичните средства“.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата од шест главни ривали, порасна за 0,11 отсто, а еврото потона за 0,19 отсто на 1,1319 долари, објави Ројтерс.
Доларот зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,1 отсто на 113,8 јени.
Тензиите во Украина ескалираа со месеци бидејќи Западот тврди дека Кремљ се подготвува за војна и собира војници во близина на границите на земјата за да ја спречи Украина да се приклучи на НАТО. Стејт департментот во неделата објави дека им наредил на членовите на семејствата на американските дипломати да ја напуштат Украина, пренесува Танјуг.
На пазарите на криптовалути, биткоинот изгуби 3,4 отсто од својата вредност и се тргува за околу 35.000 долари, откако во саботата го достигна најниското ниво од јули 2014 година од 34.000 долари. Цената на најголемата криптовалута во светот е преполовена во однос на максимумот од 69.000 долари постигнат во ноември минатата година.
Трговците велат дека институционалните инвеститори се обидуваат да ја намалат својата изложеност на криптовалути со продажба, но и на други ризични средства, како што се акциите.
Распродажбата им наштети на повеќето дигитални валути, а етерот, втората најсилна виртуелна монета во светот, падна на 2.440 долари во саботата, што е најниско ниво од јули минатата година.
Инвеститорите наведуваат дека продажбата на ризични средства се должи на зголемените очекувања дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки значително повеќе отколку што пазарот процени пред еден месец.
/Politika/
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
Свет
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.
Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.
Свет
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
#ALERTA Se descarriló el Funicular de Lisboa, el Elevador da Glória, que realiza un recorrido por la zona vieja; obligado al viajar a Portugal. Al menos 15 muertos y 18 heridos. Con mas de 100 años de historia, no le daba mantenimiento el municipio. Turistas, muchas víctimas pic.twitter.com/7ou9NYCppb
— Víctor Sánchez Baños (@vsanchezbanos) September 3, 2025
Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.
На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.
Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.
Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза1 ден
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Здравје и убавина1 ден
Единствен рецепт за појак имунитет
-
Скопје5 часа
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога