Следете не

Македонија

Денес повеќе оздравени пациенти, додека 718 се нови случаи на Ковид-19. Како последица на вирусот починале 14 пациенти во болнички услови

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по 2, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани – по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово – по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево – по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип – по 4, Дебар и Виница – по 2, Струга, Охрид и Дојран  – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица:  3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Македонија

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Извор: РКЕ

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.

– При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Објавено пред

на

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.

„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми,ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.

Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво – Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија9 часа

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје9 часа

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина9 часа

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

Временска прогноза13 часа

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Спорт1 ден

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин1 ден

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт2 дена

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (14 септември)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

НАЈЧИТАНИ