Временска прогноза
До крајот на денот стабилно и суво, додека за време на викендот се очекуваат нови врнежи од снег и ниски утрински температури

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и СТУДЕНО со умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени
Според Попоски, утре и во петок во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност, додека во петок навечер, како и за време на викендот ќе има повеќе облачност и ќе има повремени локални послаби врнежи претежно од снег.
Температурите наутро сеуште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни во текот на следните денови ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели.
Текст: Славчо Попоски за портал еспресо.мк
Временска прогноза
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).
И во Скопје и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
– Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври) како и во понеделник преку денот и во вторник (6/7 октомври) во Македонија повторно времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни а поради падот на температурите повторно на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег.
За време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево22 часа
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Македонија2 дена
Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (9 октомври)
-
Кичево2 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Хроника2 дена
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
-
Магазин2 дена
5 телефони со најдобри звучници во 2025 година
-
Lifestyle2 дена
Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе