Спорт
ФФМ во Кичево организираше заеднички фитнес семинар на главни судии и асистенти судии за пролетниот дел од сезоната во МФЛ
																								
												
												
											Фудбалската федерација на Македонија во Кичево го организираше заедничкиот семинар за главни судии и асистенти судии за пролетниот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.
Семинарот во Кичево им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.
Новиот претседател на судискиот одбор на ФФМ и прославениот македонски судија, Димитар Мечкаровски даде позитивна оценка за постигнатото во досегашниот дел од припремите.
– Во периодот од 7 до 12 февруари во Кичево, Фудбаласката Федерација на Македонија организира успешен редовен зимски семинар за главни судии и асистенти судии според најновите и највисоките УЕФА критериуми. Сакам да ја пофалам физичката спремност кај судиите, покажаа вистинска професионалност и максимална фокусираност на овој семинар. Нивната одлична подготвеност во тешки услови на пандемија е одличен показател пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во МФЛ.
Фитнес тренерот Сашо Даневски даде своја оценка и кратко објаснување за тоа што е сработено во досегашниот дел од припремите.
– Како и на сите меѓународни фитнес семинари кои ги спроведе УЕФА, така и кај нас се спроведуваат фитнес тестирањата со електронски и видео уреди за максимална објективност. До сега на судиите ФФМ подели 90 часовници за следење на тренажниот процес, спроведовме повеќе од 30 тестови кај меѓународните судии за целосно нивно профилирање. Оваа година морам да истакнам дека скоро сите судии се наоѓаат во врвна форма и се максимално подготвени за предизвиците што следат во пролетниот дел од сезоната во МФЛ.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
														Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
														Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
														Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
- 
																	
										
																			Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (3 октомври)
 - 
																	
										
																			Кичево19 часаД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
 - 
																	
										
																			Хороскоп13 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
 - 
																	
										
																			Технологија2 дена„Google Maps“ има нова корисна функција
 - 
																	
										
																			Lifestyle1 денКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
 - 
																	
										
																			Магазин1 денGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
 - 
																	
										
																			Магазин1 денXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
 - 
																	
										
																			Магазин1 денAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
 





