Спорт
Младата македонска фудбалска репрезентација ќе игра два контролни меча против Малта
Младата репрезентација на Македонија до 17 години на 15 и 17 февруари во Скопје ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Малта. Натпреварите ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Првиот натпревар помеѓу овие две селекции кој е на програмата на 15. февруари ќе биде одигран во 14. часот, а вториот дуел ќе се игра во 11. часот.
Селекторот на Македонија до 17 години, Тони Јакимовски за овие натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Диел Доко (Њу Старс);
Одбрана: Симеон Здравковски (Вардар), Андреј Аризанкоски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Матеј Јаневски (Работнички), Хадис Таири (Велешта);
Среден ред: Амир Нухија (Шкендија), Адријан Зенделовски (Малме, Шведска), Ѓорѓе Џеков (Академија Пандев), Мухамед Елмас (Работнички), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Сулејман Умерфарук (Шкупи), Дестан Адили (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички);
Напад: Александар Богдановски (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Никола Величковски (Вардар)
Тони Јакимовски, селектор на младата репрезентација на Македонија до 17 години.
– После одиграните квалификации, ова е добар тајминг за двата контролни натпревари против Малта. Имаме време и простор за да ја подобриме нашата игра. На овие натпревари се повикани четворица нови фудбалери кои поседуваат квалитет и ќе им дадеме можност тоа да го покажат и на терен. Нема опуштање, иако се работи за контролни мечеви, ќе пристапиме максимално ангажирано и одлучно за предизвикот што ни следи. Оваа група на фудбалери има потенцијал и квалитет. Сигурен сум дека во иднина со максимална посветеност и желба ќе можеме само да ја подобруваме нашата игра, а со тоа и да оствариме позитивни резултати.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
-
Кичево7 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза1 денОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија1 денОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
