Кичево
Поради снег забрана за тешки товарни возила за патен правец Гостивар-Кичево

Од 14:15 часот e воведена забрана за ТМВ на патниот правец Гостивар – Кичево поради врнежи од снег.
Од 14: 20 часот воведена забрана за ТМВ на патниот правец Маврово-Дебар и обратно поради врнежи од снег
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
ФОТО: приватна архива
Извор: АМСМ
Кичево
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
-
Кичево14 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Спорт2 дена
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Социјални мрежи2 дена
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси