Спорт
Нашата најсилна фудбалска репрезентација ќе игра на 2 јуни во гости против Бугарија, У.О. на ФФМ. донесе повеќе одлуки на денешната седница
Репрезентацијата на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.
Нашата најдобра селекција предводена од Благоја Милевски се наоѓа во групата Ц каде што силите ќе ги одмери со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Првиот меч го играме на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на Хувефарма Арена во Разград.
2. јуни 2022. Бугарија – Македонија
5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија
9. јуни 2022. Македонија – Грузија
12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар
23. септември 2022. Грузија – Македонија
26. септември 2022. Македонија – Бугарија
Нашите фудбалери на 24. март ќе гостуваат во Италија во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Што се однесува до денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое ќе се одржи на 12. март 2022 година во Скопје;
– У.О. на ФФМ ги утврди и усвои извештаите на органите и телата на федерацијата;
– У.О. на ФФМ ги усвои измените на Правилникот за судии и судење. Возрасната граница на судиите кои можат да бидат предложени на меѓународна листа на ФИФА судии е 47 години;
– У.О. на ФФМ ги усвои измените на пропозициите за Куп натпреварувањето во женска конкуренција;
– У.О. на ФФМ ги усвои измените на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери;
– У.О. на ФФМ ги усвои измените на одлуката за тренинг компензација од 2011 година;
– У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Детски лиги на ФФМ и назначи национални координатори за Детска лига;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за продолжување на проектот “Фудбал во училишта” во кои ќе бидат опфатени најмногу 100 основни училишта со учество на околу 5000 деца;
– У.О. на ФФМ го усвои предлогот за започнување реализација на проект за “Училишен фудбал за девојчиња”, (ученички 9-10 год.) кои ќе се одвива во училишта во најмногу 16 градови (каде што има женски фудбалски клубови) кои ќе опфатат 22-24 основни училишта со учество на 400-450 ученички од 4-то и 5-то одделение.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево1 денФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево4 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (8 ноември)
-
Здравје и убавина4 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
-
Хороскоп6 минутиХороскоп за понеделник (10 ноември)
