Следете не

Гејминг

Професионалниот „еSport“ играч на Дота, македонецот Мартин Саздов „Сакса“ е новиот член на „Tundra Esports“

Објавено пред

на

Само неколку дена откако се збогуваше со својот капитен и основач, Тундра Еспортс го пречека својот нов играч за поддршка, ветеранот од Македонија Мартин „Сакса“ Саздов.

И покрај тоа што ТИ10 и недостигаше за влакно, Тундра важеше за еден од најсилните европски тимови во претходните две сезони. Сепак, разочарувачкото финале во регионалното финале на првата сезона на ДПЦ значително го потресе тимот и повеќе отколку што очекувавме.

На малку драматичен начин, тундра остана без нејзиниот капитен и основач, Адријан „Фата“ Тринкс, кој наводно бил исфрлен поради друг играч. Веднаш имаше шпекулации дека тоа би можело да биде Misery, Fly, или можеби дури и s4, но повеќето сепак мислеа дека тоа ќе биде Saksa.

Македонецот Сакса е како што знаеме еден од највештите и најискусните играчи за поддршка во цела Европа, така што ова не беше премногу изненадување за нас. Ова значи дека Снејкинг ќе се пресели на позицијата 5 и ќе го преземе кормилото како капитен на тимот – изјавуваат од центарот.

Новата постава Tundra ќе имаме можност да ја видиме во акција на почетокот на март, во Gamers Galaxy LAN во Дубаи.

Извор/Фото: Twitter (Tundra Esports)

Гејминг

Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија

Објавено пред

на

Фото: appshunter.io @ unsplash

По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.

Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“

Како започна конфликтот?

  • Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.

  • Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.

  • Apple остана без вообичаената провизија од 30%.

  • Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.

Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.

Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Гејминг

Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Kerde Severin

Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.

Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.

„Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.

Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.

Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.

Прочитај повеќе...

Гејминг

(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/rockstargames

Минатиот петок, Rockstar Games го одложи објавувањето на GTA VI, кое првично беше планирано за есен 2025 година, за 26 мај 2026 година.

– „Со секоја игра што ја објавивме, целта отсекогаш била да се обидеме да ги надминеме вашите очекувања, а GTA VI не е исклучок. Се надеваме дека разбирате дека ни е потребно ова дополнително време за да го испорачаме нивото на квалитет што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на Rockstar Games.

Првиот трејлер за GTA VI се појави онлајн во декември 2023 година, кога креаторите ја претставија приказната за Луција, една од главните хероини на видео играта.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура55 минути

Денеска е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“, според народни верувања, се јаде само посна, едноставна храна

Православните верници денес, на 11 септември, го одбележуваат празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“. Во црковниот календар овој...

Кичево2 часа

Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 82 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за четврток (11 септември)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Македонија18 часа

(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога

Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото...

Мобилни уреди20 часа

„Apple“ ја претстави новата серија на iPhone 17

Apple ја претстави новата серија iPhone 17. Почетната цена во САД за основниот модел изнесува 799 долари, додека за iPhone...

Македонија22 часа

(ВИДЕО) МВР: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес...

Спорт23 часа

Македонија до 21 година вчера не ја искористи шансата со играч повеќе и загуби од Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година запиша нов пораз во квалификациите за Европското првенство, овојпат на домашен терен против силната...

Временска прогноза23 часа

Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад  и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден (10 септември)

На денешен ден 10 септември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (10 септември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ