Хороскоп
Хороскоп за сабота (26 февруари)

ОВЕН
Кога станува збор за вашиот приватен живот, особено каде се движите и со кого се дружите, време е да станете малку потаинствени. Избегнувајте директни конфликти и дебати бидејќи може да не успеете и непотребно да се разочарате. Најбрзиот начин да ги решите проблемите со парите е да разговарате за ситуацијата со некои од вашите поискусни и постари колеги.
БИК
За да можете да направите се што имате намера да направите денес, најважно ќе биде да бидете добро организирани. Не преземајте дополнителни обврски, особено ако сте дознале за нив дури наутро, а некој од вас очекува резултати до попладневните часови. Ќе научите многу ако подобро погледнете како другите прават слични работи.
БЛИЗНАЦИ
Нема да напредувате ако дозволите емоциите да ви ги диктираат потезите и одлуките. Денот е идеален за смели потези поврзани со иднината на вашата кариера, но и за преземање ризици поради нешто во што навистина верувате. Промените ќе ви бидат тешки, но долгорочно ќе бидат поволни, затоа немојте да се жалите и да не упатувате грди критики пред време.
РАК
Денес многу ќе зависи од вашиот став, но и од вашите перформанси. Иако ќе се соочите со критики, останете смирени и покажете дека сте подготвени за тоа, бидејќи само така ќе ги замолчите негативните луѓе кои се обидуваат да ве успорат или да ве исфрлат од учество во нешто што ви е важно. Оставете барем малку време за романса.
ЛАВ
Сè што правите денес што е поврзано со учење, започнување нов проект или интервју за работа ќе ги надмине вашите очекувања како и очекувањата на другите. Верувајте во себе и не дозволувајте вашите одлуки да бидат под влијание на приватни проблеми, особено ако знаете дека не можете да ги решите во моментов. Во љубовта променете го вашиот став и ќе дојде напредок.
ДЕВИЦА
Ако навистина се грижите за личност од минатото или некој што неодамна сте го запознале, обидете се да поминете што е можно повеќе време со таа личност или скршете го мразот и повторно стапете во контакт. Оние од вас кои веќе сте во љубовна врска треба да дозволите страста да надвладее, но тоа не значи дека треба да трошите многу во тој процес.
ВАГА
Ќе имате впечаток дека некој или нешто намерно ве забавува. Иако во најголем дел ќе бидете во право, тоа е спој на различни околности и секако е ваша вина. Затоа, надраснете ја ситуацијата и не конфликти, попрво вложете го своето срце и време во нешто што го сакате. Најважно е што допрва треба да постигнете.
ШКОРПИЈА
Ако ја преземете контролата врз ситуацијата која прави да се чувствувате се понесигурни и правите се што кажете дека сакате, ништо нема да може да ве спречи на патот кон успехот. Денот е идеален за впуштање во нова авантура и можете да очекувате нови возбудливи искуства поврзани со патување или наоѓање нова работа.
СТРЕЛЕЦ
Денот е идеален за финансиски аранжмани, особено ако тие траат веќе некое време и сакате што побрзо да ги завршите. Прво ќе остварите профит со купување или продавање приватен имот. Обидете се да ги носите вашите одлуки врз основа на факти, а не на емоционални каприци. На сите полиња од животот држете се до првичните планови и нема да можете да погрешите.
ЈАРЕЦ
Некој ќе се обиде да ве убеди да тргнете во друга насока, но останете цврсти и држете се до старите планови. Нема брзи поправки или заработка преку ноќ. Што се однесува до љубовта, денес ќе имате среќа и веројатно ќе ве изненади разговор инициран од другата страна. Сепак, не преземајте премногу ризици.
ВОДОЛИЈА
Останете подалеку од поголеми одлуки бидејќи нема да можете да земете во предвид добар дел од фактите. Имено, денес тоа ретко ќе биде очигледно и луѓето нема да бидат среќни да ви дадат одговори на прашања. Поминете време правејќи го она што го сметате за релаксирачко или забавувајте се справувајќи се со заостанатите работи. Најдобро ќе се чувствувате во друштво на луѓе кои секогаш ви даваат поддршка.
РИБИ
Има многу што треба да направите, па движете се и обидете се да одите во ред. Многумина од вас, по многу возбудлив, но и стресен работен ден, попладне ќе добијат единствена можност да го подобрат приватниот однос. Не ја одбивајте. Кога станува збор за целите за иднината, обидете се да зборувате од срце, искрено и ентузијастички.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (4 септември)

Овен
На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.
Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.
Во здравјето, немате лоши тегоби.
Бик
Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.
Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.
Можни се болки во грлото.
Близнaци
На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.
Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.
Излезете на прошетка.
Рак
Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.
Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.
Потребни ви се повеќе течности.
Лав
Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.
Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.
Тахикардија.
Девица
Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.
Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.
Кашлица.
Вага
Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.
Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.
Опуштете се со тивка музика.
Шкорпија
Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.
Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.
Ослободете се од стресот.
Стрелец
Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.
Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.
Стрес.
Јарец
Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.
Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.
Под стрес сте и реагирате импулсивно.
Водолија
Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.
Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.
Здравјето е одлично.
Риби
Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.
Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.
Медитирајте.
Хороскоп
Хороскоп за среда (3 септември)

ОВЕН
Не сте доволно сконцентрирани и ви недостасува мотивација на работа, па може да бидете склони кон правење грешки. Може да очекувате променливо расположение од страна на партнерот и некои компликации. Полни сте со позитивна енергија!
БИК
Доколку продолжите да се фокусирате само на негативните работи, нема да бидете задоволни со околностите на работното место. Може да имате интересно познанство со личност која ви одговара. Можни се болки во стомакот.
БЛИЗНАЦИ
Поведете сметка во комуникацијата со колегите, може да бидете склони кон кавги без голема причина. Може да ви остави необичен впечаток и средбата со личност која ви се допаѓа. Водете сметка за маснотиите.
РАК
Поволен ден за вашата работа. Можеби успеавте да ја подобрите организацијата и своите резултати. Со саканата личност имавте некои проблеми, но може да се надевате на позитивни промени. Потребно е да спортувате.
ЛАВ
Поведете сметка за вашата работа и посветете се, а помалку време трошете на трачеви и гласини. Ви се допаѓа некој кон кој сте имале емоции во минатото. Можно е меѓу вас да се развијат симпатии. Можна е кашлица.
ДЕВИЦА
Позитивни околности на деловно поле ќе ви го подобрат расположението. Може да се надевате на позитивни промени. Ве очекува запознавање со личност која ќе покаже добри намери кон вас. Зголемете го внесувањето на витамини.
ВАГА
Пред вас е ден во кој ќе бидете прилично растеретени и посветени на себе и приватниот живот. работата не ви е на прво место сега. Ве очекува убава и романтична атмосфера во однос со саканата личност. Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Доколку се бавите со приватен бизнис, може да се надевате на добри вести. Ве очекува одлична атмосфера со личноста на која и се додворувате. Многу наскоро ќе успеете да остварите зближување. Водете сметка за варењето.
СТРЕЛЕЦ
Може да се надевате на позитивни околности на ова поле. Ве очекува добра фаза во љубовта. Ново познанство е пред вас. Нема долго да бидете осамени, ви се укажува можност за врска. Водете сметка за синусите.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете задоволни со околностите на деловно поле. Може да се надевате на позитивни пресврти. Стабилна комуникација со партнерот. Вашиот однос може да напредува. Склони сте кон дебелеење.
ВОДОЛИЈА
Може да очекувате дека ќе имате позитивни случувања и пресврти на работа. Можно е да имате погрешна слика за вашиот партнер, кој крие некои работи од вас. Отворете ги очите. Можна е вртоглавица.
РИБИ
Нестрпливи сте и не можете да прифатите дека за некои промени е потребно време. Ви се допаѓа личност која живее далеку, а тоа го комплицира вашиот однос. Проблеми со циркулација.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (2 септември)

Овен
Ќе се соочиш со тензија помеѓу дневните обврски и желбата за авантура. Творческиот поттик и шармот ти помагаат да блеснеш. Нов љубовен интерес или освежување на односот е можно.
Бик
Длабока рефлексија на работа и љубов. Венера го поткрепува романтизмот и хармонијата. Финансии се стабилни, додека успехот зависи од трпеливоста и прилагодувањето.
Близнаци
Комуникацијата е твојот најсилен адут денес. Поддржана од Венера, љубовта е игрива и весела. Финансиските можности се преку креативни колаборации или инвестиции.
Рак
Емоциите те поттикнуваат кон личен и професионален раст. Љубовта носи нежност и поддршка, а можен е нов љубовен почеток. Финансиите околу стабилни, но внимавај на ризици.
Лав
Блескаш! Енергијата е твоја – лидерски пројави, креативни потфати и страстни однос тонат во твоја корист. Венера ја истакнува твојата харизма. Финансиско вложување во креативни проекти носи среќа.
Девица
Внатрешна борба меѓу желбата за ред и желбата за слобода. Фокусот од Меркур во твојот знак помага да се справиш со обврските. Љубовта бара отвореност, а финансиските одлуки – внимателност.
Вага
Социјалноста и преговорите се твојата предност. Венера ја поткрепува хармонијата во односите. Работата и финансиските можности доаѓаат преку соработка. Балансот и креативниот израз се клучни.
Скорпија
Фокусот е на кариерата и стабилноста. Односите носат длабочина и доверба. Финансиските планови треба да се поместат внимателно, но упорноста донесува успех.
Стрелец
Месечината во твојот знак те полни со самодоверба и желба за нови искуства. Љубовта е лесна и харизматична, а можни се финансиски шанси преку патување или учење.
Јарец
Потребно е да најдеш рамнотежа меѓу одмор и работа. Односите се интензивни, но Венера ја омекнува комуникацијата. Малите финансиски победи се можни ако го следиш интуицијата.
Водолија
Соработката и групните проекти нудат напредок. Љубовта е свежа и инспиративна. Финансиски успех е можно преку иновативни идеи и флексибилност.
Риби
Креативноста и дипломатијата те водат кон напредок, иако обврските бараат внимание. Венера помага да се изразиш емотивно. Финансиите бараат трпеливост и добра стратегија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Временска прогноза2 дена
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија22 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија21 час
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет5 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци