Следете не

Мобилни уреди

Познато кога „Apple“ би можеле да ги претстават своите нови производи

Објавено пред

на

Имаше многу информации дека Apple подготвува голем број нови производи за 2022 година, а сега е најавен и првиот настан при кој се очекува да бидат објавени и првите уреди.

Според твитот од Грег Јосвијак од компанијата Apple, потврдено е дека компанијата ќе го одржи настанот на 8 март.  Официјален претставник на Apple не потврди што ќе видиме за време на споменатиот настан, но врз основа на претходните гласини, постојат некои опции.

Еден од уредите што се очекува треба да биде iPhone SE 5G. Тоа ќе биде освежен iPhone SE од претходната генерација, кој не би требало да има поинаков дизајн. Една од најголемите промени ќе биде поддршката за 5G, што ќе го направи телефонот поприфатлива алтернатива на премиум линијата на Apple.

Постои можност за време на настанот да биде претставена освежена Mac линија, која би можела да се состои од редизајниран MacBook Air, 13-инчен MacBook Pro и Mac mini. Ниту еден од споменатите модели не е освежен од 2020 година, а најверојатно ќе добијат чипсет М2 од Apple.

Извор: (b92.net)

Магазин

Дали е штетно батеријата да се полни неколку пати на ден?

Објавено пред

на

Фото: Kamil Feczko @ unsplash

Не, честото полнење на телефонот не е штетно – напротив, полнењето во пократки интервали може да помогне батеријата да трае подолго. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии, кои се дизајнирани да издржат ваков начин на полнење, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење.

Исидор Бухман, основач на „Cadex Electronics“, објаснува дека треба да се избегнува редовно полнење од 0% до 100%, освен ако батеријата не покажува проблеми како ненадејно исклучување иако е прикажано дека е наполнета. Во такви случаи, целосен циклус може да помогне во калибрација на сензорот за батерија.

Литиум-јонските батерии обично траат 2 до 3 години или околу 300 до 500 циклуси на полнење, по што нивниот капацитет се намалува за околу 20%. За разлика од претходните верувања, денес не е потребно батеријата целосно да се празни за да се зачува нејзиниот век. Всушност, повеќето производители, вклучувајќи го и Samsung, препорачуваат батеријата да се одржува над 50% секогаш кога е можно.

Препораки за оптимално полнење:

  • Полнете го телефонот кога ви одговара, без страв дека ќе ја оштетите батеријата.

  • Избегнувајте батеријата да паѓа под 20% колку што е можно поретко.

  • Не оставајте го телефонот долго време на полнач откако ќе се наполни до 100%.

  • Целосно празнење (до 0%) правете само повремено, доколку е потребно за калибрација.

Малите, повеќекратни полнења во текот на денот се безбедни и дури препорачливи. Она што треба да се избегнува се екстремите – редовно празнење до нула или долготрајно држење на полнач кога батеријата е целосно наполнета.

На овој начин, батеријата на вашиот телефон ќе трае подолго и ќе функционира поефикасно.

Извор: Benchmark

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Daniel Romero @ Unsplash.com

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува дека Apple повеќе не е единствениот лидер на пазарот. Иако ги зазема првите четири позиции, Android уредите успеаја да се изборат за половина од топ 10 листата, при што Samsung доминира со четири модели, а Redmi се појавува со еден.

Од Samsung, меѓу најпродаваните се најдоа моделите: Galaxy A16 5G, Galaxy A06, Galaxy S25 Ultra и Galaxy A55 5G. Особено се истакнува Galaxy A16 5G, кој е на петтото место, но е најпродаваниот Android телефон во овој период.

Galaxy S25 Ultra, како единствен премиум Android модел на листата, е на седмото место – нешто пониско во споредба со неговиот претходник, S24 Ultra, кој лани беше петти. Причина за ова е неговото подоцнежно лансирање, што резултираше со пократок период на продажба. Сепак, серијата S25 во целина се продава стабилно, претставувајќи околу 25% од вкупната испорака на Samsung во месеците кога беше достапна.

Redmi 14C 4G е моделот кој ѝ обезбеди на оваа марка место меѓу најпродаваните Android телефони.

Apple, пак, доминира на врвот со моделите iPhone 16, 16 Pro Max, 16 Pro и iPhone 15, кои се на првите четири позиции. iPhone 16 Plus го зазеде десеттото место. Забележително е што iPhone 15, и покрај тоа што е на пазарот речиси две години, сè уште се продава одлично, благодарение на привлечната цена. Иако iPhone 16e не е меѓу првите десет, се очекува да има подобри резултати од претходните SE модели во текот на првата година.

Извор: counterpointresearch.com

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Utsman Media @ Unsplash.com

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал iPhone 16, по него следат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro, како и моделот од минатата година – iPhone 15. Овој успех уште еднаш ја потврдува доминацијата на Apple на светскиот пазар на паметни телефони.

Според MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. За разлика од претходните години кога најскапите модели како Pro Max беа најбарани, сега обичниот iPhone 16 е многу популарен. Причината за тоа е што го користи новиот A18 чип, кој е речиси ист како A18 Pro чипот во iPhone 16 Pro Max.

Освен тоа, моделот доби нови функции како копче за акција и копче за контрола на камерата – нешто што досега беше достапно само кај Pro моделите. Овие додатоци го направија iPhone 16 попривлечен и го приближија до Pro серијата, давајќи им на корисниците подобра вредност за своите пари. Ова доведе до значителен пораст на популарноста на основниот модел во повеќе делови од светот.

Во првите три месеци од годинава, пет од десетте најпродавани смартфони биле модели на Apple. iPhone 16 Plus се пласираше на десеттото место, додека новиот iPhone 16e го зазеде шестото место во март 2025 година.

Со својата прифатлива цена и одлични карактеристики, iPhone 16e нуди многу повеќе од тоа што претходно го нудеше iPhone SE. Се очекува дека ќе го надмине својот претходник по бројот на продадени уреди, благодарение на подобрениот хардвер.

Извор: Counterpoint Research / MacRumors

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Временска прогноза11 часа

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за среда (9 јули)

Овен  Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку...

Кичево22 часа

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на...

Магазин1 ден

Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката...

Магазин1 ден

YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите,...

Lifestyle1 ден

Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии на стомакот, чувството на тежина и надуеноста – а немате време за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје2 дена

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

НАЈЧИТАНИ