Спорт
Женската репрезентација до 17 години ќе учествува на квалификациски турнир во Албанија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 8 до 14. март ќе учествува на квалификацискиот турнир (Б лига) што ќе се одржи во Албанија.
Нашата млада селекција се наоѓа во групата 3, заедно со Шкотска, Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.
Првиот меч го играме против Шкотска, на 8. март, на стадионот Игнатиа во Рогожине, со почеток од 12. часот. На 11. март, на истиот стадион го играме натпреварот од второто коло против селекцијата на Азербејџан. Последниот натпревар е закажан на 14. март, против домаќинот Албанија, на стадионот во Елбасан во 14.30часот.
Селекторот Катерина Милеска за квалификацискиот турнир во Албанија, се одлучи да ги повика:
Голмани: Кристина Павлоска (ЖФК Деспина), Мери Васева (ЖФК Тиверија);
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (ЖФК Тиверија), Катерина Петкова (ЖФК Истатов), Рона Ристеми (ЖФК Шкендија), Матеа Блажевска (ЖФК Скопје), Андреа Донева (ЖФК Кочани), Мирјана Ѓероска (ЖФК Љуботен);
Средина: Ивана Николоска (ЖФК Билјанини Извори), Билјана Паневска (ЖФК Тиверија), Ива Јосифова (ЖФК Тиверија), Михаела Настеска (ЖФК Деспина), Миа Велинова (ЖФК Борец), Елена Љондевска (ЖФК Топ Гол), Викторија Стрика (ЖФК Речица);
Напад: Џенита Кицара (ЖФК Борец), Теодора Далческа (ЖФК Ас Јунајтед), Анастасија Илиевска (ЖФК Деспина), Јована Павловска (ЖФК Атлетико), Веса Села (ЖФК Јунајтед);
Селекторот Катерина Милеска ја издвојува Шкотска како најквалитетна репрезентација во нашата група.
” Одработивме одлични подготовки во Кичево, подготвени сме за предизвикот што не очекува. Што се однесува до групата во која се наоѓаме, најтешко ќе биде против Шкотска, селекција која е апсолутен фаворит да се врати во А лигата. Што се однесува до другите два меча, нашата цел е јасна, а тоа е победа. Верувам дека по квалитет сме тука некаде со Албанија и Азербејџан и можеме да се натпреваруваме со нив, па подобриот нека победи.”
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија18 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода