Македонија
Денес 292 нови случаи на Ковид и 303 оздравени
Во последните 24 часа направени се 2.410 тестови, а регистрирани се 292 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 140
• Битола – 21
• Куманово – 18
• Велес – 16
• Прилеп – 14
• Тетово – 13
• Кавдарци – 12
• Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5
• Виница – 4
• Струга и Демир Хисар – по 2
• Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1.
Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.
Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од:
• Скопје – 168
• Куманово – 25
• Битола – 15
• Кавадарци – 14
• Тетово – 13
• Велес – 11
• Прилеп – 8
• Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5
• Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4
• Штип, Кочани и Сруга – по 3
• Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2
• Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1
Направени се 2.410 тестови преку:
ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-68, Биотек-79, Систина-49, лабораторија Лаор-86, Синлаб-34, Ремедика-11, Плодност-16, Генеа-1, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-27, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-17
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.073.
Досега во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230
Македонија
Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.
Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.
Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти. ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.
Извор: ЦУК
Македонија
ЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.
Струмички регион: Нема пријавени штети; регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.
Скопски регион: Зголемено нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита.
Велешки регион: Одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.
Штипски регион: Нема пријавени проблеми.
Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.
Кумановски регион: Нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај с. Коинце.
Кратовски регион: Зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.
Тетовски регион: Нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.
Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.
Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26). Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.
Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.
Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК.
Извор: ЦУК
Македонија
АМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента.
На м.н. ТППЕ. Известени ЈП Македонија Пат, рано утрово известија од АМСМ.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп16 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Македонија2 денаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Спорт20 часаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
