Временска прогноза
Утрински температури дури и до -15 степени, додека од понеделник следува период на сончеви периоди и покачување на дневната температура

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Во источните предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Инаку како што најавивме, и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи променливо облачно и СТУДЕНО време со сончеви периоди. Наутро температурата се очекува да се спушти до околу -7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 5 степени.
Потоа од понеделник па натаму ќе имаме многу повеќе сончеви периоди, а температурите ќе белат тенденција на постепен пораст. Што значи ќе има постепено затоплување на времето.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хроника2 дена
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Кичево6 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Скопје2 дена
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Храна15 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје15 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди