Спорт
ФФМ објави важни информации за публиката која ќе ја бодри нашата селекција во Италија
ЗБИРНО МЕСТО за ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ до СТАДИОНОТ
Збирното место на македонските навивачи во Палермо на денот на натпреварот за организирано одење на стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде на плоштадот “Пјаца Франческо Криспи“ (Piazza Francesco Crispi).
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со јавните власти на Палермо, на денот на натпреварот (24. март), договорија сите наши навивачи од плоштадот „Пјаца Франческо Криспи“ да имаат бесплатен автобуски превоз до стадионот „Ренцо Барбера“. Предвидени се два слота за автобуските шатлови (ќе транспортираат напред – назад), еден помеѓу 17:00 и 18:00 часот и помеѓу 18:00 и 19:00 часот.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРОВЕРКИ
Сите навивачи ќе бидат проверувани поради безбедносни причини. Потсетуваме да не се носат никакви забранети предмети (листа на забранети предмети.pdf ).
На стадионот не може да се внесуваат кеси поголеми од хартија А4. Според регулативите на УЕФА не се дозволени навредливи или дискриминаторски банери /знамиња, како и секаков вид пиротехнички средства. Доколку полицијата пронајде некој од овие предмети, имателот ќе биде пријавен до полициските власти.
ПРИСТАП ДО СТАДИОН
Вратите на стадионот ќе се отвораат три часа пред натпреварот. По безбедносните проверки, ќе следи проверка на документацијата за COVID-19. Потсетување до сите наши навивачи да ги да ги понесат со себе релевантните документи (доказ за вакцинација, потврда за опоравување и/или негативен тест со брис). Лицата кои нема да поседуваат ваква документација нема да можат да влезат на стадионот.
По проверката на документацијата за COVID-19, навивачите се упатуваат до местото каде што треба да го покажат билетот за натпреварот и лична карта / пасош. Билетот е персонализиран, на него го има името на сопственикот на билетот. Доколку има несовпаѓање, на сопственикот на билетот нема да му биде дозволен влез. Исто така, лицата без лична карта / пасош нема да смеат да влезат на стадионот.
ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ
Навивачите мора да ги почитуваат прописите на теренот и регулативите на УЕФА. Секое недолично однесување ќе биде земено во предвид од властите. По крајот на натпреварот, гостинските навивачи можат да бидат задржани во секторот за краток временски период (околу 20 минути) за да се овозможи непречено и безбедно напуштање на стадионот.
ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
Две аптеки каде што може да се обезбеди антиген тест:
1- Farmacia Europa, Via Alcide De Gasperi 221 (800 m од стадионот)
2- Farmacia della Statua, Пјаца Виторио Венето 11 (650м од стадионот)
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево23 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника21 часМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза23 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин24 часаРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
