Кичево
Поради работа на водоводната мрежа овие кичевски улици ќе имаат времен прекин на вода за пиење

Кичевското Јавно претпријатие „Комуналец“ ги информира корисниците на вода за пиење дека утре на 28.03.2022год.(понеделник) во период од 08:00 – 14:00 часот ќе има прекин на вода за пиење поради менување на водоводна линија, на овие населби и улици:
- Населбата „Карпош“, ул М.Тито (од Општа Болница и Здравствен Дом до влезот за Кичево од М Врод ) и ул.„29ноември“
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Спорт2 дена
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 дена
(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех
-
Временска прогноза1 ден
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 2 септември
-
Кичево13 часа
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир