Кичево
Осум возачи од Кичево управувале возило под дејство на алкохол, едно лице каснато од куче скитник

На 09/10.04.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, при спроведени акциски контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 13 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-02, Кичево-08).
На 09.04.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Кичево, С.Т.(55) од Кичево пријавила дека во населба Иванидол била касната од куче скитник.
Извор: МВР / СВР Охрид
Портпарол: Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија24 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин1 ден
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Македонија2 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Спорт2 дена
Ландо Норис ја забележа својата трета победа