Спорт
ФФМ судиска анализа за 28-то коло од 1. МФЛ и 23. коло од 2. МФЛ (Запад и Исток)
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28. коло на 1. МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
– На натпреварот ФК Борец – ФК Струга Трим Љум одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 25, 76, 90 и 90+2 минута.
Главен судија: Јосип Бартон; Помошни судии: Даниел Василевски и Александар Ѓорѓевски;
25. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метра).
Играч на Струга Трим Љум во свој шеснаесетник избивајќи ја топката со нога, случајно го удира во сопствената рака која е во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи нема елементи за удар од 11 метри.
76. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри).
Играч на Борец центрираше топка до соиграч во шеснаесетникот на Струга, соиграчот кој беше во ветувачка акција пред да ја удри топката со глава, од позади грб со туркање беше соборен од играч на Струга. Исправна одлука на судијата, удар од 11 метра и дисциплинска мерка жолт картон за туркање (ветувачка акција).
90. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри).
Играч од нападот на Борец беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на Струга, одбранбениот играч на Струга од позади грб сакајќи да ја избие топката со интензитет го удри напаѓачот во нога. Исправна одлука на судијата, удар од 11. метри без дисциплинска мерка.
90+2 минута: Исправна проценка на судијата (доделен црвен картон).
Играч на Борец беше во посед на топката, играч на Струга го влечеше за дрес играчот на Борец кој за да се отргне, со лакт и со голем интензитет го удри во пределот на лицето играчот на Струга. Исправна одлука на судијата за доделен слободен удар и црвен картон.
– На натпреварот ФК Македонија – ФК Работнички одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 12. и 44. минута.
Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов;
12. минута: Исправна проценка на судијата (нема слободен удар).
Играч на Работнички ја имаше топката во свој посед на околу 20-на метра од својот гол, играч на Македонија со лизгачки старт му ја одзема топката без да има контакт и елементи за слободен удар. Играчот постигна гол, исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи.
44. минута: Исправна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метри).
Играч од Македонија беше проигран во шеснаесетникотна Работнички без посед на топката. На него од зад грб минимално без интензитет стартуваше (туркање) одбранбен играч на Работнички, тој контакт играчот на Македонија сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи контактот е минимален и недоволен за удар од 11 метри.
– На натпреварот ФК Ренова – ФК Академија Пандев одигран на 17.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 34. и 73. минута.
Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски;
34. минута: Исправна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метри).
Играч од нападот на Академија во шеснаесетникот на Ренова, беше во посед на топка и шутираше кон голот на Ренова. Одбранбен играч на Ренова направи лизгачки старт блокирајќи го шутот и топката го удри во пределот под пазувите и раката. Исправна одлука на судијата играта да продолжи бидејки нема игра со рака.
73. минута: Исправна проценка на вториот помошен судија (досудено офсајд позиција).
Центрирана топка од играч на Ренова до соиграч, кој со глава ја удри топката и која дојде до друг свој соиграч кој во моментот на додавање беше во офсајд позиција и постигна гол. Исправна одлука на вториот помошен судија голот да се поништи поради офсајд позиција.
– На натпреварот ФК Брегалница – ФК Шкендија одигран на 17.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 79. минута.
Главен судија: Стојанче Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
90. минута: Исправна проценка на судијата (не е досудено удар од 11 метри).
Играч од нападот на Шкендија беше во шеснаесетникот на Брегалница и центрираше, при центаршутот топката го удри во пределот на стомакот одбранбениот играч на Брегалница кој беше на едно метро од играчот на Шкендија и излезе во корнер. Одлична соработка помеѓу судијата и првиот асистент, нема игра со рака и исправно досуден корнер.
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23. коло на 2. МФЛ Запад и Исток и ги донесе следните заклучоци:
2 МФЛ – ЗАПАД:
На натпреварот ФК Вардар – ФК Тетекс одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 22. и 63. минута
Главен судија: Благојче Ралески; Помошни судии: Костоски Зоран и Владимир Митревски;
22. минута: Добра проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри).
Играч од нападот на Вардар прима топка со грб свртен кон гол на Тетекс, играчот лошо ја прима топката и доаѓа до минимален контакт со одбранбен играч од Тетекс кој го искористува да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри.
63. минута: Погрешна проценка на судијата (досудено удар од 11 метра).
Играч од нападот на Вардар е во посед на топка малку старнично од голот на Тетекс, доаѓа до минимален контакт со одбранбениот играч на Тетекс без интензитет, кој напаѓачот го искористува и преувеличува. Погрешна одлука на судијата што досуди удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Силекс – ФК Кадино одигран на 16.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 17. минута.
Главен судија: Никола Петковски; Помошни судии: Александар Ѓурковски и Стефан Петровски;
17. минута: Добра проценка на вториот помошен судија (нема офсајд позиција)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Кадино која доаѓа до играч од нападот на Силекс. Во моментот кога напаѓачот ја удира топката и постигнува гол, друг негов соиграч се наоѓа пред голманот и е во линија со предпоследниот играч на Кадино. Исправна одлука на вториот асистент, нема офсајд позиција, голот е регуларен.
На натпреварот ФК Беса – ФК Охрид одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 75. и 80. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Бранко Путилин и Дарко Видиниќ;
75. минута:Добра проценка на судијата (доделен втор жолт/црвен картон)
Играч од нападот на Беса беше во посед на топка на околу 20-на метри странично од голот на Охрид, играч од одбраната на Охрид го влече напаѓачот кој се оттргнува, истиот играч после пет метри намерно го сопна напаѓачот пред шеснаесетникот. Исправна одлука на главниот судија за доделена дисциплинска мерка жолт картон, воедно тоа беше втор жолт (црвен) картон.
80. минута: Добра проценка на судијата (досудено удар од 11 метри)
Играч од нападот на Беса е во посед на топка во шеснаесетниокот на Охрид централно од голот, на него стартува голманот на Охрид сакајки да ја избие топката, меѓутоа прави прекршок и го соборува напаѓачот без да игра со топка. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри со жолт картон за голманот.
На натпреварот ФК Кораб – ФК Велешта одигран на 16.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 16. минута.
Главен судија: Боби Величков; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;
16. минута: Играч од нападот на Кораб е во посед на топка странично во шеснаесетникот на Велешта, на него од зад грб стартува со силен интензитет (туркање) играч од одбраната на Велешта. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка.
2 МФЛ – ИСТОК:
Судиската комисија направи анализаод одиграните натпревари од 23. коло на 2. МФЛ ИСТОК и заклучи дека нема спорни ситуации за дополнителна анализа.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево5 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника1 денМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза1 денОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин1 денРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
