Следете не

Театар

„Stand Up Special“ смеење на секој 20 секунди со Бојан Велевски во Охрид

Објавено пред

на

За прв пат во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи „збиен“ во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек.

„Со задоволство ја прифатив поканата на да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.“ – вели за ПортаМК Бојан.

– Настанот е закажан за 29.04 (петок) со почеток од 20:00 часот, или петок веќе познат во Охрид како „ден за театар“.

Цената на билетите е стандардна – 200 ден, а може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, или на телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

А, додека дојде датумот за средба, загревање со едни од најдобите клипчиња на Бојан.

Наскоро Велевски ни открива дека следуваат многу новости, караван настапи низ Македонија, за кои ќе бидете навремено информирани.

Театар

Во Кичево после подолго време доаѓа еден од првите „стенд ап“ комичари – Марјан Георгиевски, картите се пуштени во продажба, ќе биде забавно!

Објавено пред

на

©porta.mk

Во сабота на 16.1120:00ч во Центарот за култура – „Кочо Рацин“ од Кичево, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.

Насловот на турнејата е „За македонските работи“

– „Имено, ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – на кратко истакна Марјан.

Картите од по (300ден) се веќе во продажба во кичевските локали: „Квадрат Кафе“, „Институт“, „Чек Ин Кафе“ и „Клуб Република“.

Прочитај повеќе...

Театар

Ајде да се смееме, вечерва во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“

Објавено пред

на

Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнуваат својата голема турнеја, а покрај сите градови доаѓаат во Кичево и Гостивар, каде за прв пат во овое градови ПРЕМИЕРНО ќе ја изведат нивната најнова урнебесна претстава “ЈА МИШКИТЕ”. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.

Ова најново комично шоу на “Солза и Смеа”, ќе се одржи вечерва 17.10.2024 во 18:15 часот во НУЦК Кочо Рацин – Кичево, a потоа истиот ден на 17.10.2024 г. во 20:30 часот претставата со популарните Солза и смеа започнува во Гостивар во НУЦК АСНОМ – Гостивар.

Билети може да си резервирате 24/7 на 078/66-77-97

Побзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!!!

Прочитај повеќе...

Театар

Звучни актерски имиња доаѓаат утре во Кичево, на сцена комедија „Несфатената цивилизација“

Објавено пред

на

Утре 27-ми декември (среда) со почеток од 19:30ч во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево започнува претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата на Центaрот за култура.

Во претставата играат, маестралниот Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење.

„Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија18 минути

(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22)...

На денешен ден1 час

Времеплов: На денешен ден: 19 август

На денешен ден 19 август, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед на...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за вторник (19 август)

ОВЕН Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом...

Спорт12 часа

(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел...

Кичево19 часа

Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој...

Кичево20 часа

Вчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени

На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила...

Македонија20 часа

Од полноќ нова намалена цена на горивата на малопродажните објекти во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево21 час

ОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч

На 17.08.2025 во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При...

Lifestyle22 часа

Фикусот не ви успева: најчестите грешки и како да ги избегнете

Фикусот е едно од најпопуларните собни растенија – изгледа прекрасно, освежува секоја просторија и создава чувство на природна хармонија. Но,...

Lifestyle22 часа

Три едноставни решенија за ослободување од муви

Со зголемувањето на температурите, мувите стануваат сè почести гости во нашите домови и дворови. Тие се досадни, слетуваат на храната...

НАЈЧИТАНИ