Временска прогноза
За време на викендов стабилно и суво време со умерена облачност, наместа ќе дува засилен ветер – ова се сите детали..

За време на викендот, односно утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа за време на Воскресението Христово – Велигден ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност.
Во почетокот од следната недела, односно во понеделник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи – вели за Еспресо метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во следните денови исто така ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено на некои места ќе биде засилен на интензитет. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до 30 степени.
Во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и се потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 25 степени. Уживајте за Велигден со кого и да сте, каде и да сте и тоа поради тоа што нè очекува ЛЕТНО време! – заклучува Попоски.
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (9 јуни)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал на коловозот, управувајќи мопед
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (10 јуни)
-
Култура2 дена
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух
-
Спорт2 дена
Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ
-
Македонија16 часа
Пак се вози брзо, БПС Тетово на радар измериле 162 км/ч на место каде е дозволено 80 км/ч
-
Македонија15 часа
МВР со детали за повреденото лице падините на врвот „Љуботен“, каде интервенираше АРМ
-
Спорт9 часа
Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3