Кичево
На превој Стража случена сообраќајна несреќа

Предмалку случајни минувачи не информираа дека на превој Стража, потточно на 2 километри од с.Тајмиште се случила сообраќајна несреќа.
Според за сега непотврдени информации се работи за еден учесник во сообраќајката, така што возилото изгубило контрола и се превртило.
МВР и екипите на Брза помош се излезени на терен, подетални информации за здравјето на учесниците немаме, додека сообраќајот времено се одвивал по една коловозна лента наизменично.
Упатуваме апел за поголемо внимание во патниот сообраќај почитувајќи ги законите и прописите.
Повеќе информации очекуваме од СВР Охрид во текот на утрешниот ден.
ФОТО: Случајни минувачи
Кичево
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 13.05 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО с.Извор, с.Кленоец, с.Малкоец, с.Попоец, с.Душегубица, с.Иванчишта, с.Ехлоец хпп Ехлоец и Луис Гемстон | 13.05.2025 09:30 | 13.05.2025 14:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево.
Подетални официјални информации за материјална штета и за повредени лица во несреќата немаме, но како што стигнуваат вести, неофицијално од за сега не релевантни извори од терен се шпекулира дека едно лице има подлегнато на повреди, како последица на случката.
– Очевидци кои се на лице место за Порта.мк сведочат дека патот кој води до блокот на Ламели каде бил несреќниот случај е привремено затворен за сообраќај, додека на терен се излезени Медицински екипи на ЈЗУ Општа Болница, ТППЕ Кичево и Полициски екипи при ОВР Кичево.
Подетални информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста позната помеѓу јавноста и Кичево. Иако во барањата на организацијата беше да излезат надлежните и да кажат за проблемот и за евентуалното решение, не се случи ништо од тоа.
Во продолжение целосниот говор на Бојан Мишкоски – еден од организаторите на протестот.
Репортажа на колегите од „ТВ21“:
Репортажа на колегите од „МРТВ“:
-
Хроника2 дена
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Скопје2 дена
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Кичево5 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Храна14 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје14 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди