Социјални мрежи
Бидете претпазливи со сомнителните пораки на „WhatsApp“, измамници сè повеќе пробуваат да наштетат на корисници
Сајтот WABetaInfo објави дека на популарната платформа WhatsApp се појавуваат се повеќе измамници кои имаат за цел да добијат кориснички сметки.
Наводно, некои корисници добиле сомнителна порака од сметки кои се претставувале како поддршка за корисници на WhatsApp. За среќа, корисниците го пријавиле ова бидејќи мислеле дека е обид за кражба на податоци.
WABetaInfo истакнува дека е важно да откриете дали разговарате со вистинската поддршка за корисници или со измамници и според нив, тоа е лесно да се утврди. Ако ги погледнете информациите за контакт, има штиклирање до името, а не на фотографијата на профилот.
Fake WhatsApp accounts are posing as WhatsApp Support!
Be careful when suspicious accounts send you a message on WhatsApp: they may also pretend to be from the official WhatsApp Support.https://t.co/hHx5vDwo6s
— WABetaInfo (@WABetaInfo) April 23, 2022
Покрај тоа, измамниците секогаш ќе ве прашуваат за некои лични податоци – број на кредитна картичка или шестцифрен број за најавување на WhatsApp. Од друга страна, WhatsApp нема да бара од вас PIN, пари или други доверливи информации.
Се препорачува, во случај да сретнете измамници, да ја блокирате таа сметка и да ја пријавите. Исто така, покрај поддршката за корисници на WhatsApp, измамниците можат да ги имитираат пријателите или членовите на семејството на корисникот.
Социјални мрежи
„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“
Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред екран. Во продолжение ги издвојуваме најновите статистики за најпреземаните апликации во светски рамки, како и споредба по платформи и категории.
Инстаграм ја задржа водечката позиција како најпреземана апликација на глобално ниво во октомври 2025 година, достигнувајќи 52 милиони преземања. Истовремено, таа е и најпреземаната социјална апликација за истиот период.
Во септември 2025 година пак беше ChatGPT искачен на врвот како најпреземана апликација со 45 милиони преземања.
Најпопуларни апликации во светот за Октомври 2025
Инстаграм доминираше со вкупно 52 милиони превземања преку „Google Play“ и „iOS App Store“, позиционирајќи се како најбараната апликација во светот за октомври 2025, пренесува backlinko.com.
| 1. Instagram | 52 million |
| 2. TikTok | 42 million |
| 3. Facebook | 36 million |
| 4. WhatsApp | 36 million |
| 5. Temu | 36 million |
| 6. Threads | 33 million |
| 7. ChatGPT | 32 million |
| 8. Telegram | 24 million |
| 9. CapCut | 23 million |
| 10. Meesho | 21 million |
Наскоро финишираат и статистиките за најсметнувани мобилни апликации за цела година 2025.
Извор: backlinko.com
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
-
Кичево1 денВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево2 денаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Спорт7 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника9 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хроника1 денДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
-
Временска прогноза2 денаЛадно на утро со температури под нулата
