Македонија
Во Охрид пронајдено лице без знаци на живот

На 04.05.2022 година во 07.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно повредено лице.
Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал и починал.
Смрт без траги на насилство констатирала од екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација

На 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија. Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.
Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“, информира МВР.
Македонија
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка.
Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, истакна МВР.
Македонија
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации – видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели МВР за јавноста.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (12 мај)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Кичево9 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија2 дена
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста
-
Храна18 часа
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Скопје18 часа
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди
-
Македонија32 минути
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
На денешен ден9 часа
На денешен ден – 13 мај