Кичево
Кичевската природна аптека, Апи-центарот „Грозданоски“ од утре повторно започнува со работа

Од утре 11.05.2022 год. (среда) повторно почнува со работа Апи-центарот „Грозданоски“. Мештаните-кичевчани, а и посетителите-намерници од другите места, со воодушевување ќе Ви зборуваат за ова прекрасно место (кое за прв пат беше отворено минатата година). Има илјадници причини да Ви набројуваме зошто да го посетите ова место, но Вие одберете само една: Фактот дека овие мали вредни работници-пчели имаат толку голема моќ и сила,така што во една минута прават 11400 трепкања со крилцата, тоа е всушност она што го слушате, додека директно од пчелната кошница вдишувате: Аеросоли, матичен млеч, перга, полен, мед, прополис, кои ќе ви помогнат, поволно делуваат, а и лечат:
-намален имунитет
-бронхитис
-астма(алергиска и неалергиска)
-пост-ковид закрепнување
-проблеми со синуси
-проблеми со дишни патишта
-алергии
-стрес
-ларингитис
-кардиоваскуларни заболувања
-нормализирање на крвен притисок
-депресија
Сите овие придобивки од пчелите и пчелните производи ќе ги видите и почувствувате во с.Осој-кичевско, на само неколку km од градскиот метеж во апи-центар изграден од природен материјал-дрво, а опкружен во чиста и природна оаза од костен, багрем, липа, бор.. Неколку пчелари и посетители кои биле лани велеа дека ова претставува природна аптека,некои вистински природен лек, а г-дин Зоран Грозданоски, долгогодишен пчелар и вљубеник во природата, кој сака да ни ги покаже сите благодети на пчелите и пчелните производи вели дека ова не е само лек за телото, туку и за душата, а неговата девиза останува непромената:
– „Повелете, посетете нe! Здравите луѓе да стекнат посилен имунитет и никогаш да не се разболуваат, а тие што имаат проблеми со здравјето, да си заминат одовде здрави, живи, насмеани!!!
Кликнете ТУКА и посетете ја официјална фејсбук група на апи-центарот „Грозданоски“
Почитувани, посетете го ова благодетно место и уживајте со пчелните друштва на пчеларот Зоран Грозданоски во прекрасната природа, а здравјето кое ќе биде добиено со вдишувањето директно од пчелната кошничка ќе биде ваша и нивна најголема награда.
За повеќе информации и закажување термини, контакт телефон: 077/915-750
Кичево
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар

Доцна вечерва пожар избувнал во семеен стан во блокот на Ламелите во Кичево.
Подетални официјални информации за материјална штета и за повредени лица во несреќата немаме, но како што стигнуваат вести, неофицијално од за сега не релевантни извори од терен се шпекулира дека едно лице има подлегнато на повреди, како последица на случката.
– Очевидци кои се на лице место за Порта.мк сведочат дека патот кој води до блокот на Ламели каде бил несреќниот случај е привремено затворен за сообраќај, додека на терен се излезени Медицински екипи на ЈЗУ Општа Болница, ТППЕ Кичево и Полициски екипи при ОВР Кичево.
Подетални информации очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.
Кичево
(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста позната помеѓу јавноста и Кичево. Иако во барањата на организацијата беше да излезат надлежните и да кажат за проблемот и за евентуалното решение, не се случи ништо од тоа.
Во продолжение целосниот говор на Бојан Мишкоски – еден од организаторите на протестот.
Репортажа на колегите од „ТВ21“:
Репортажа на колегите од „МРТВ“:
Кичево
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици и секаква галантерија. Во нивното 25 годишно постоење во нашиот град владејат одлична репутација на вистински бренд кој е нераскинлив дел од нашите потреби.
– Автошоп „Delta“ е застапник на реномираниот бренд „Exide“ акумулатори, продавницата е генерален застапник во Кичево и на светскиот квалитет на моторни масла и адитиви „Liqui Moly“, каде во 2023, 2024 и 2025 година на државно ниво освоија второ место по продажби на масла, додека претходни години исто така се рангирани на високо место.
Во склоп на Автошоп „Delta“ располагаат и со своја гаража за промена и монтажа на пневматици, балансирање со последниот бренд на машини, монтажа на најновиот бренд на радиа, промена на автомобилски сијалици.
И тоа не е се! Специјално за сите клиенти по повод 25-тиот роденден на Автошоп „Delta“, месец мај ќе биде месец со попуст на целиот асортиман на продукти, затоа искористете го, пазарете и бидете брзо услужени, за сите кои неможат да го подигнат продуктот, Автошоп „Delta“ ќе изврши достава, така што истиот ќе ви го донесе на вашата сакана локација.
Продавницата се наоѓа на добро познатото место, ул „11-ти септември“ во непосредна близина на кружен тек кај Полицијата, работно време секој ден освен недела од 08:00 до 20:00ч, официјални контакт броеви: ☎️ 071/223-646, 071/223-864 и 045/225-095 ☎️
Среќен роденден и успех понатаму!
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија18 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода