Спорт
„Каменица Саса“ и „АС Јунајтед“ ќе се соочат во женското финале од Купот на Македонија во фудбал
Двата тима ќе се борат за својот прв трофеј во натпреварувањето. Тренерите на двете екипи веруваат во успех.
Екипите на Каменица Саса и АС Јунајтед на 18. мај (среда) ќе се соочат во женското финале од Купот на Македонија. На натпреварот кој ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, двата тима ќе се обидат да стигнат до својот прв трофеј од најмасовното натпреварување.
Каменица Саса е актуелен првак. Скопје 2014 е последен освојувач на пехарот од Купот на Македонија од финалето одиграно 2019 година против Тиверија.
За тренерот на Каменица Саса, Зоран Златковски, освојувањето на трофејот во Купот на Македонија е приоритет, бидејќи како што вели, резултатите во првенството не соодветствуваат со квалитетот на екипата.
– Како тренер и предводник на екипата очекував подобри резултати во досегашниот тек од првенството, со оглед на тоа што поседуваме голем потенцијал и квалитет. Приоритет ни е освојувањето на Купот на Македонија, иако нема да се откажеме ниту од борбата за првото место во првенството. Подготвени сме за натпреварот, со нетпрение и голема желба го очекуваме финалето и се разбира дека очекуваме победа во нашето прво финале од историја на клубот.
Имаме голема почит за екипата и тренерот на Ас Јунајтед, Астрит Мерко, кој врши одлична работа. Противникот има квалитет и одлично функционираат како тим. Сметам дека ќе биде неизвесно и детали ќе го одлучат победникот. Очекувам интересен натпревар, неизвесен и борбен до самиот крај. Се надевам на победа и славје во Каменица.
Астрит Мерко, тренерот на АС Јунајтед вели дека противникот е поискусен, но верува во своите млади фудбалерки и ќе дадат сѐ од себе да победат на натпреварот.
– Го познаваме одлично тимот на Каменица Саса, поседуваат квалитет, играат одлично во последните неколку сезони во првата лига на Македонија. Очекувам интересен натпревар, голема борба и пожртвуваност кај двете екипи. Посакувам коректен натпревар. Верувам во моите фудбалерки. Имаме млада екипа која поседува потенцијал, речиси сите се репрезентативки и во натпреварувачки ритам. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Можеби предност за нив може да претставува фактот што имаат поискусни фудбалерки и фудбалерки што доаѓаат од странство, но на крајот тоа не мора да биде пресудно. Верувам дека ќе биде неизвесно до самиот крај. Нека победи подобриот.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника2 денаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Хороскоп19 часаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Социјални мрежи1 денВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Временска прогноза1 денДо петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
-
Македонија1 денЛишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
-
Здравје и убавина1 денПрескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
-
Магазин1 денGoogle тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети
