Временска прогноза
На повидок топлотен бран, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Попладне и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека попладне во делови од котлината можна е сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Според Попоски, утре и во вторник ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Пад на температурите на воздухот, засилен северен ветер и локална појава на нестабилност се очекува во среда, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.
Временска прогноза
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот.
Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во Македонија, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7 јули) ќе биде под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка која е поврзана со поле на висок воздушен притисок. Во ваква ситуација ни следува подолг период на стабилно, суво и на многу топло и претежно сончево време. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес и утре (30 јуни/1 јули) и тоа особено во Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во петок и за време на следниот викенд температурите во Повардарието ќе се искачат дсо околу 40/41 степен.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до близу или до околу 40 степени.
Ув индексот за време на овој нов многу топол бран од Африка ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде многу ветровито, односно, ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час.
И во Скопје и околината ќе имаме стабилно и сончево, но и малку посвежо време за викендов. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 70 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу 4/5 степени пониски за ра разлика од денешните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 35 степени, утрово информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза6 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево23 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија13 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Скопје17 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак