Хороскоп
Дневен Хороскоп (29 мај) – недела

Овен
Ќе бидете свесни за своите квалитети, а нема да го изгубите од вид фактот дека првиот впечаток е исклучително важен. Доколку им ги презентирате своите идеи на шефовите, голема е веројатноста дека ќе ги воодушевите. Комуникацијата со партнерот ќе зајакне – ќе бидете подготвени да разговарате во секое време. Можете да кажете нешто на саканата личност и многу брзо да зажалите.
Бик
Тешко е дека нешто ќе функционира како што сте замислиле денес, па можеби е подобро да оставите се да си оди по својот пат, а вие да се обидете да се прилагодите. Ќе ве изненади контактот или средбата со некој што не сте го виделе долго време.
Близнаци
Ќе поминувате многу време во дружење со пријателите, па обидете се да го вклучите љубовниот партнер во вашиот социјален живот. Не дозволувајте да се чувствува исклучено, бидејќи му треба промена и излегување. Ова е одлично време за диета или вежбање, особено ако сте се здебелиле неколку килограми во последните неколку месеци.
Рак
Презедовте премногу и прашање е како ќе успеете да се справите со ситуациите кои ве следат денес. Не дозволувајте странците да ви го одвлекуваат вниманието. Во контакт со партнерот можете да ја пронајдете потребната смиреност и да решите еден проблем на задоволителен начин.
Лав
Имате чувство дека ви треба само уште малку за да добиете поконкретни резултати. Меѓутоа, колку повеќе се приближувате до целта, толку станувате понервозни. Партнерот може да ја смири оваа напнатост во вас ако само му дозволите да ви се приближи.
Девица
Од самиот почеток на работното време ве следи брзина во настаните и премногу одеднаш. Ќе ви треба малку време за да ја сфатите низата на настани. Како што одминува денот, така ќе се чувствувате подобро и постабилно. Смиреност во односите со партнерот.
Вага
Денеска одлучивте дека нема да дозволите ништо да ве исфрли од рамнотежа. Ќе се поставите максимално одговорно според обврските, но во исто време и многу барани кон другите. Саканата личност може да го избегне вашиот притисок и да се повлече.
Шкорпија
Имате чувство дека во последен момент сте решиле многу важна ситуација во деловниот сегмент. Екстремна напнатост во првиот дел од денот, подоцна целосно олеснување. Денеска не е ден за емотивни контакти – потребен ви е одмор, да бидете дистанцирани од сите.
Стрелец
Решивте дека некои ситуации ќе ги возите кај чистачките и немате намера да се откажете од тоа. Кон оние со кои доаѓате во контакт се однесувате напорно, но не гледајте подалеку од нивните можности. Добивате „ветер во грб“ кога станува збор за емотивниот живот.
Јарец
Како денес да кулминираа сите ситуации. На работа владее општ хаос, како никој да не знае каде прво да оди и што конкретно да прави. Вие сте релативно добри во сето ова, се оградивте и гледате што се случува. Непријатен разговор со сакана или пријателка.
Водолија
Исчистувањето на работите е ваш приоритет денес. Ако сте отворени и коректни, се ќе биде во ред. Ако имате намера да измамите нешто, слободно сметајте на блокирање и оневозможување. Лоши односи со шефовите. Емотивниот партнер се обидува да влијае повеќе врз вас.
Риба
Веќе сте загрижени за влошувањето на комуникацијата со претпоставените. Немате соодветна поддршка од колегите, дури и од оние што ги сметате за пријатели. Поставете се поинаку за да ги задржите работите на свое место. Вложувате премногу во контакт со саканата личност.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (6 септември)

ОВЕН
Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не успевавте да ги завршите целосно обврските, но откако го успоривте темпото, завршувате сѐ без притисок и стрес. Немате доволно сила за секојдневните активности, зголемете го внесувањето на витамини и минерали.
БИК
Некои колеги се обидуваат да ве изнервираат од ден во ден, немојте да си го дозволите тоа, особено ако сте свесни дека тоа е нивната цел. Мудроста е важна не само во работата туку и во љубовта, пријдете му на проблемот свесно и рационално и не дозволувајте да изгубите контрола над своите мисли.
БЛИЗНАЦИ
Ако денес имате недоразбирање со некој деловен партнер, вие не сте криви за тоа. Зачувајте ја смиреноста како и секогаш и не им давајте можност на другите да ве изнервираат. Внимавајте што и говорите на саканата личност, само една погрешна изјава може да доведе до тоа да бидете сфатени погрешно и да настане кавга.
РАК
Ако ве наговорува деловниот партнер да направите нешто надвор од своите деловни способности, тоа треба да ви биде опомена да не го правите она што не смеете. Емотивно сте неисполнети, но не е така лесно да напуштите сѐ и да запознаете нова личност толку бргу. Мора добро да размислите пред да донесете конечна одлука.
ЛАВ
Сѐ уште немате влијание врз колегите за да им кажувате што да прават, но се надевате дека денес ќе дојде до решение на некои конфликти од претходно и дека конечно на вистински начин ќе ги распоредите деловните обврски. На тој начин секој ќе знае што треба да направи. Не наоѓате заеднички јазик со саканата личност во последно време и се чувствувате како никој да не ве разбира.
ДЕВИЦА
Се чувствувате исцрпено затоа што работите од утро до мрак, но немате кому да се жалите поради тоа, ќе добиете совет да ја промените работата но моментално не можете да го направите тоа. Внесувајте доволно здрави намирници за да имате сила и енергија да ги завршите сите обврски во текот на денот.
ВАГА
Долго чекате одговор на вашата моментална ситуација на работа и полека губите надеж дека надредените воопшто се занимаваат со вашиот проблем. Ако не можете да најдете заеднички јазик со саканата личност и доколку немате исти цели, сите ваши планови ќе паднат во вода.
ШКОРПИЈА
Не дозволувајте да ви биде криво доколку сте пропуштиле можност да напредувате на работното место, којзнае зошто е тоа добро, ќе имате уште една шанса во иднина за тоа. Плановите се прават за да се реализираат, а вие и вашиот партнер досега ниеден план не сте исполниле.
СТРЕЛЕЦ
Ако првиот впечаток за деловниот партнер е позитивен, тоа не значи дека е реален. Обидете се добро да процените пред да заклучите за каква личност станува збор. Симпатии постојат помеѓу вас и еден познаник, но никако да дојде до ситуација да се зближите и подобро да се запознаете.
ЈАРЕЦ
Не го одбивајте предлогот за соработка од колегата само затоа што не се вклопува во вашиот досегашен стил. Понекогаш мора да се прилагодите на условите на пазарот и денес е идеална пригода за тоа. Не можете да се согласите со партнерот околу некои заеднички цели и сега тоа ви се одбива од глава, мора да прифатите некои работи кои не ви одат од рака.
ВОДОЛИЈА
Нема време за експериментирање на деловно поле, досега сте применувале една тактика, таа се покажала како успешна и држете се до неа и понатаму. Сакате флертот да ве доведе до некоја нова авантура, некои нови емоции, но бидете реални со своите очекувања за да не се разочарате.
РИБИ
Изјавите на вашите соработници нема да ви се допаднат, но ако подобро размислите, можеби се во право, не го давате својот максимум во последно време и треба да го промените тоа. Успехот во љубовта не е исто што и среќа во неа. Ако сте имале многу врски, тоа не значи дека во нив сте биле среќни и исполнети.
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 септември)

Овен
Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.
Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.
Исцрпени сте.
Бик
Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.
Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.
Имате проблеми со циркулацијата.
Близнаци
Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.
Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.
Можни се проблеми со зглобовите.
Рак
Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.
Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.
Можни се проблеми со алергиите.
Лав
Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.
Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.
Лош метаболизам.
Девица
Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.
Често мислите на личноста која ви значи.
Намалете го алкохолот.
Вага
Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.
Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.
Ве очекува мал пад на енергијата.
Шкорпија
Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.
Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.
Потрудете се да вежбате.
Стрелец
Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.
Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.
Стомакот ви е чувствителен.
Јарец
Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.
Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.
Здравјето е одлично.
Водолија
Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.
И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.
Можете да очекувате одлична состојба.
Риби
Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.
На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.
Низок притисок.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (4 септември)

Овен
На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.
Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.
Во здравјето, немате лоши тегоби.
Бик
Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.
Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.
Можни се болки во грлото.
Близнaци
На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.
Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.
Излезете на прошетка.
Рак
Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.
Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.
Потребни ви се повеќе течности.
Лав
Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.
Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.
Тахикардија.
Девица
Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.
Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.
Кашлица.
Вага
Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.
Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.
Опуштете се со тивка музика.
Шкорпија
Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.
Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.
Ослободете се од стресот.
Стрелец
Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.
Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.
Стрес.
Јарец
Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.
Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.
Под стрес сте и реагирате импулсивно.
Водолија
Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.
Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.
Здравјето е одлично.
Риби
Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.
Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.
Медитирајте.
-
Кичево1 ден
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија1 ден
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили1 ден
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин1 ден
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос