Следете не

Временска прогноза

Полека но сигурно долджливиот циклон си оди, така што ни доаѓаат пеколни температури

Објавено пред

на

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во текот на неделата која што ни следува ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време, а ќе биде и значително постабилно и посончево, иако во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да се спушаат и до близу 20 степени, што значи топло ќе биде и во утринските часови.

Максималните дневни температури, особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели во текот на неделата истите се очекува да надминат и 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, а понекаде дури и 11 па на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето.

Кратка најава за претстојното лето: Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ и чести продори на топлотни бранови од Африка кој ќе условуваат температури до околу, па дури и над 40 степени и тоа во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, а повремено може да се очекуваат и ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (интензивен пороен дожд, можност за локални поплавувања, електрични празнења, силен ветер и појава на град), како и повремени освежувања на времето.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Повеќе сонце  и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).

И во Скопје  и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје  и околината ќе се искачи до околу 21 степен, утрово за Порта.мк истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Debrunner

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

– Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу  8 и 10 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври) како и во понеделник преку денот и во вторник (6/7 октомври) во Македонија повторно времето ќе биде претежно облачно и повторно поладно со повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат обилни а поради падот на температурите повторно на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе имаме врнежи од снег.

За време на овој влажен бран локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Сето ова ќе биде проследено со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а на околните повисоки планини ќе има повремени врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие утре и во вторник (6/7 октомври) и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината  и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (12 октомври)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Кичево6 часа

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15,...

Автомобили7 часа

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа 1600 cм³, и четврто место во друга класа на...

Фото: Yivan @ unsplash Фото: Yivan @ unsplash
Автомобили13 часа

Заборавете на замаглувањето на прозорците: Како да се ослободите од влагата во автомобилот

Во текот на есента и зимата, влагата во автомобилот станува чест и непријатен проблем. Замаглените прозорци ја намалуваат видливоста, го...

Фото: an_vision @ unsplash Фото: an_vision @ unsplash
Lifestyle13 часа

Јаболката се чудо за вашето здравје – еве два десерти што ќе ги правите цела есен

Звучи неверојатно, но обичното јаболко може да биде вистинско чудо за вашето здравје. Ова овошје што сите го имаме при...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин14 часа

WhatsApp конечно воведува кориснички имиња – резервирајте го вашето навреме

Најпопуларната апликација за пораки конечно добива функција што корисниците ја бараат со години – можност за поврзување без откривање на...

Фото: Y M @ unsplash Фото: Y M @ unsplash
Lifestyle14 часа

Дали треба да го исклучувате инвертер клима уредот?

Прашањето дали треба да се исклучува инвертер клима уредот често предизвикува забуна кај многу сопственици. Можеби сте се запрашале дали...

Македонија1 ден

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт1 ден

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

НАЈЧИТАНИ