Следете не

Свет

Откриени се фосили на рептил кој ловел плен од воздух пред 86 милиони години

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Аргентинските научници открија нов вид голем летечки рептил, наречен „Змеј на смртта“, кој живеел пред 86 милиони години во ерата на диносаурусите.

Станува збор за опасен предатор, голем, кој го ловел пленот од воздух.

Палеонтолозите велат дека новооткриениот предатор припаѓа на редот на птеросаурусите. Се верува дека тој бил претходник на птиците, односно дека летал низ праисториското небо на Земјата пред еволуцијата на птиците и дека бил еден од првите предатори кои користеле крилја за лов.

И покрај тоа, експертите веруваат дека поголемиот дел од времето го поминувал на копно. Има малку детали за рептилот, но примероците со различни големини докажуваат дека предаторот живеел во групи.

Тим од палеонтолози открија фосилни остатоци од „Thanatosdrakon amarua“ на планините Андите во западната аргентинска провинција Мендоза.

Тие го нарекоа Dragon of Death (Змеј на смртта), што е комбинација од грчките зборови за „смрт“ (thanatos) и (drakon) „змеј“. Откриле дека карпите со фосилни остатоци од овој рептил потекнуваат од пред 86 милиони години, односно од периодот на креда.

Распонот на крилата, во моментот кога тие биле целосно раширени, изнесувал дури девет метри, откри проект менаџерот Леонардо Ортиз.

Научниците процениле дека застрашувачките летечки рептили живееле најмалку 20 милиони години пред ударот на астероидот на денешниот мексикански полуостров Јукатан да збрише околу три четвртини од животот на планетата пред околу 66 милиони години.

Истражувачите, кои ги објавија резултатите во април во научното списание Cretaceous Research, велат дека големите фосилни коски го класифицираат новиот вид како најголемиот птеросаурус некогаш откриен во Јужна Америка и еден од најголемите досега пронајдени на Земјата.

„Во моментов немаме податоци за ниту еден близок роднина на птеросаурусот што би бил сличен на овој ѕвер“, рече Ортиз.

/b92.net/

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Социјални мрежи5 часа

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири...

Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash
Магазин9 часа

Google тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети

Google започна со тестирање на нова функција што им овозможува на корисниците на Android таблети да отвораат апликации во мали...

Македонија9 часа

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија...

Здравје и убавина11 часа

Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје

Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја...

Временска прогноза11 часа

До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд

Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (5 ноември)

ОВЕН Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате...

Хроника22 часа

Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот

Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина...

Спорт1 ден

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови

Затнатиот одвод е чест проблем во секое домаќинство — водата престанува да се исцедува, а мијалникот почнува да испушта непријатни...

Фото: CardMapr.nl @ unsplash Фото: CardMapr.nl @ unsplash
Магазин1 ден

Apple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација

Apple планира да воведе реклами во својата апликација Apple Maps, што значи дека корисниците наскоро ќе можат да гледаат платени...

НАЈЧИТАНИ