Технологија
Десет најактивни тројанци за Android таргетираат 639 аплиикации за мобилно банкарство и услуги – Бидете внимателни што инсталирате!

Десетте најактивни тројанци за Android таргетираат 639 апликации за мобилно банкарство и други финансиски услуги, кои заедно имаат преку милијарда преземања на продавницата на Google Play.
Тројанците на мобилното банкарство се кријат зад навидум бенигни апликации како што се алатките за продуктивност и игрите кои често се прикрадуваат во продавницата на Google Play и успешно ги заобиколуваат безбедносните проверки.
Според извештајот Bliping Computer, кој известува за сајбер безбедноста, секој од овие тројанци зазеде уникатно место на пазарот во однос на тоа колку цели апликацијата, како и во однос на функционалноста што ги разликува од другите, т.е. различни тројанци напаѓаат различни банкарски апликации.
Најраспространет тројанец е „Teabot“, бидејќи опфаќа 410 од 639 загрозени апликации, а на второ место е „Exobot“ со 324.
Овој наод е многу загрижувачки. Според анкетите од 2021 година, тројца од четворица испитаници во Соединетите држави користат банкарски апликации за извршување на нивните секојдневни банкарски активности, обезбедувајќи огромен сет на цели за овие тројанци. Ова, се разбира, важи и за другите делови на светот.
Тројанците работат така што кога инсталирате заразена апликација, се појавува прозорец за најавување на легитимните банкарски и финансиски апликации што веќе ги имате на вашиот телефон. Кога корисниците ги внесуваат своите податоци, тие всушност завршуваат со хакери. Покрај тоа, овие апликации ги следат известувањата со цел да најдат еднократни кодови што банките ги испраќаат за да ги потврдат трансакциите. Хакерите можат дури и да извршат финансиски измами на уредот со злоупотреба на услугите за пристапност со цел да вршат дејствија на апликацијата како да се корисник.
Соединетите држави се на врвот на листата на земји со 121 целна апликација. Следува Велика Британија со 55 пријави, Италија со 43, Турција со 34, Австралија со 33 и Франција со 31 и други.
Binance, популарна апликација за размена на криптовалути со над 50 милиони преземања, и Cash App, услуга за мобилно плаќање што ги покрива Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство и има 50 милиони инсталации преку Play Store, исто така се цел на неколку банкарски тројанци, дури и ако тие не нудат конвенционални банкарски услуги.
Најшироко насочена апликација е BBVA, една од најголемите платформи за онлајн банкарство со десетици милиони преземања. Оваа апликација цели седум од десетте најактивни банкарски тројанци.
Најсимнувана апликација е „PhonePe“, која е многу популарна во Индија, со преку 100 милиони преземања од Play Store.
Секој од десетте тројанци има релативно јасен опсег на таргетирање, така што екосистемот е избалансиран и оперативците можат да изберат апликација која одговара на нивната целна публика.
Пречка не е јазикот на апликацијата, ниту земјата од која доаѓа, туку самиот факт што се работи за апликација за банкарска или некоја друга финансиска трансакција.
Како да се заштитите?
Со цел да се заштитат корисниците од такви закани, експертите препорачуваат редовно ажурирање на уредот поради безбедносни закрпи.
Потоа, апликациите треба да се инсталираат само од продавницата на Google Play, проверувајќи ги прегледите на корисниците. Секогаш постои можност за посета на страницата на развивачот директно од Play Store во делот „информации за контакт на програмерите“. Ако развивачот на апликацијата не работи сигурно, треба да ја избегнувате таа апликација. Тие нагласуваат дека посебно внимание треба да се посвети на привилегиите што корисниците им ги даваат на апликациите (како што се пристап до датотеки, фотографии, контакти, е-пошта итн.). Секоја дополнителна привилегија ја зголемува можноста за злоупотреба на уредот.
Дополнително, се препорачува бројот на инсталирани апликации да се сведе на минимум, т.е. само она што е потребно и проверено.
Извор: Nova.rs
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
Магазин
Google Play Games добива нови профили со статистика и социјални функции

Google најави големо ажурирање на својата услуга Play Games за Android уредите. Новите промени ќе донесат поинформативни кориснички профили, детална статистика и социјални алатки за поврзување на играчите.
Што носи ажурирањето?
-
Детална статистика – корисниците ќе можат да го следат својот напредок во игрите.
-
Достигнувања – профилите ќе прикажуваат отклучени награди и успеси.
-
Социјални функции – нови опции за градење заедница и полесно поврзување со други играчи.
-
Персонализација – можност за прилагодување на корисничкиот профил.
Датум на достапност
-
23 септември 2025 – ажурирањето започнува автоматски во повеќето региони.
-
1 октомври 2025 – корисниците во Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ја добијат надградбата.
-
Google ќе извести преку е-пошта за сите промени.
Интеграција со Google Play Store
-
Новите профили ќе бидат директно интегрирани во Google Play Store, што значи дека нема повеќе потреба од користење на посебни апликации за управување со гејмерскиот идентитет.
-
Ова унифицирано решение ќе создаде централизирано место за сите гејмерски активности на мобилните уреди.
Сличности со други платформи
-
Концептот е сличен на начинот на кој Steam со години ги прикажува профилите, историјата на игри и достигнувањата на играчите.
-
Целта е полесна интеракција меѓу корисниците и поттикнување на споделувањето на успеси во игрите.
Извор: Bug
-
Кичево8 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево5 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Кичево14 часа
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)