Следете не

Македонија

МВР распишува оглас за нови полициски службеници, за СВР Охрид се потребни 40 извршители на должноста, ова се условите..

Објавено пред

на

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на Република Македонија“ бр.8/15 и 130/16, „Службен весник на Република Македонија“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, објавува ЈАВЕН ОГЛАС

I. За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, во:

1. Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 100 извршители

2. Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 40 извршители

3. Сектор за внатрешни работи Охрид ———————————- 40 извршители

4. Сектор за внатрешни работи Битола ——————————— 40 извршители

5. Сектор за внатрешни работи Тетово ———————————- 60 извршители

6. Сектор за внатрешни работи Велес ———————————– 40 извршители

7. Сектор за внатрешни работи Штип ———————————– 70 извршители

8. Сектор за внатрешни работи Куманово —————————– 40 извршители

9. Регионален центар за гранични работи Север ——————– 50 извршители

10. Регионален центар за гранични работи Запад ——————– 40 извршители

11. Регионален центар за гранични работи Југ ————————- 40 извршители

12. Регионален центар за гранични работи Исток ——————– 40 извршители

 

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Македонија;

– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;

– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

– да е здравствено и психофизички способен;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и

– да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

– висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

– извод од матична книга на родените,

– диплома за завршено четиригодишно средно образование и

– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

– Сектор за внатрешни работи Скопје:

– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,

– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и

– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

– Сектор за внатрешни работи Битола;

– Сектор за внатрешни работи Велес;

– Сектор за внатрешни работи Куманово;

– Сектор за внатрешни работи Тетово;

– Сектор за внатрешни работи Охрид;

– Сектор за внатрешни работи Струмица,

– Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

– Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)

-Писмено тестирање (општо – образовен тест),

-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),

-Безбедносна проверка и

-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

Македонија

(ФОТО) МВР: Поради одрон кај Царев Двор-Отешево во прекин е сообраќајот во двата правци кај Ресен, односно Стење

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење.

Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач

Објавено пред

на

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Се вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол

Објавено пред

на

На 23.11.2025 во 23:00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Н.В.(20) од с.Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 20:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Љ.Д.(58) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд “ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.

На 23.11.2025 во 16:49 часот во демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го лишија од слобода М.П.(61) од с. Врбјани, општина Дебрца. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за среда (26 ноември)

Овен Доколку размислувате за промена на работните места, денес е добар ден за преговори. Добро размислете за понудата што сте...

Хроника21 час

Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид

На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со...

Спорт22 часа

(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност

Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот...

Временска прогноза23 часа

Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон...

Кичево23 часа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Фото: Mae Dulay @ unsplash Фото: Mae Dulay @ unsplash
Автомобили24 часа

Како да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите

Редовната проверка и одржување на правилниот притисок во гумите во текот на зимскиот период е една од најбрзите, најевтините и...

Фото: Nabeel Syed @ unsplash Фото: Nabeel Syed @ unsplash
Автомобили24 часа

Регистрациите на нови автомобили во ЕУ пораснаа за 5,8% во октомври: Еве кои се најсилните пазари

Шпанија предничи со рекордeн раст на електрични возила од 90,1% Во Европската Унија во октомври биле регистрирани 916.609 нови патнички...

Фото: Charles Chen @ unsplash Фото: Charles Chen @ unsplash
Магазин24 часа

Рецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи

Овие мини пици се вистинска класика – идеални за гости, прослави, родендени или брза ужина. Ги сакаат и деца и...

Фото: Damian Kamp @ unsplash Фото: Damian Kamp @ unsplash
Lifestyle24 часа

5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис

Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде...

Фото: Adarsh Chauhan @ unsplash Фото: Adarsh Chauhan @ unsplash
Магазин1 ден

Зошто вештачката интелигенција сè уште не е сигурна замена за Google

Сè повеќе луѓе користат ChatGPT и други алатки со вештачка интелигенција како замена за Google. Истовремено, самите пребарувачи веќе вградуваат...

НАЈЧИТАНИ