Следете не

Хороскоп

Редовен Хороскоп – среда (15 јуни)

Објавено пред

на

Овен
Оваа недела ќе бидете мотивирани и полни со енергија за остварување на вашите амбиции, успехот нема да изостане. Ова е исто така добро време да ја победите „конкуренцијата“ на работа и да се искачите на врвот. Напредокот е сигурен. Добар период за подигање кредит и инвестирање во бизнис. Ако не сте сигурни дали да започнете нова врска, немојте! Тоа е вистинско време за нова љубов. Најдобри денови ќе бидат вторник и среда.

Бик
Оваа недела ќе ги реализирате сите ваши идеи, а ќе бидете толку убедливи во презентацијата и одлучни во настапот што ќе ги воодушевите сите околу вас. Оние кои работат во јавниот сектор би можеле да ги сменат работните места. Можни се здравствени проблеми во семејството, важно е само да се биде во тек при барањето лекарска помош. Односот со партнерот е напнат оваа недела, можни се конфликти бидејќи ниту еден од нив не сака да се откаже. Најдобри денови ќе бидат четврток и петок.

Близнаци
Оваа недела внимавајте што зборувате, без разлика дали разговарате со претпоставените или со подредените, бидејќи секој погрешно протолкуван збор може да ја наруши вашата репутација. Исцрпени сте, а неочекуваниот пат само ќе ја влоши ситуацијата. Избегнувајте да бидете груби со членовите на семејството и да се воздржувате од доминантен став, ќе ги расипете односите и ќе ви треба долго време да ги вратите во нормала. Најдобри денови ќе бидат понеделник и недела.

Рак
Ова е време на уживање, напредување и успех, вашите напори ќе вродат со плод и ве очекува напредок во кариерата. Некои Ракови може да добијат и зголемување на платата. Ако имате можност да патувате, задолжително искористете ја, ќе профитирате. Одвојте време за партнерот, тоа е идеална можност да ја подигнете врската на повисоко ниво. Ова е вистинско време да експериментирате со нови режими на вежбање и исхрана. Најдобри денови ќе бидат вторник и четврток.

Лав
Во текот на оваа недела внимавајте на вашиот темперамент, можни се конфликти со семејството и пријателите. Вработените очекуваат промени на работното место или преместување. Доколку сте во партнерско-деловна врска, можни се несогласувања. Не е добар момент за инвестирање, а најважно е да ги одложите клучните одлуки. Сепак, можно е некој имотен спор да биде решен во ваша корист. Слободните имаат добри шанси да запознаат некој посебен. Најдобри денови ќе бидат среда и сабота.

Девица
Проблеми на работа, делумно поради тоа што сте исцрпени и ви опаднала концентрацијата, а делумно поради несоработката со колегите. Избегнувајте да донесувате избрзани финансиски одлуки, во спротивно може да претрпите огромни загуби. Што се однесува до љубовниот живот, бесот мора да го држите под контрола, обична „тепачка“ може да прерасне во тешка кавга. Можни се главоболки. Најдобри денови ќе бидат вторник и петок.

Вага
Самодовербата ви е многу ниска, што ќе ве кочи на работа и ќе ве спречи да го дадете својот максимум. Сепак, со напорна работа и посветеност ќе успеете да ја надминете конкуренцијата. Некои имаат службено патување во странство. Ако сте во правен процес, треба да се воздржите од донесување какви било одлуки во овој момент. Внимавајте со парите, бидејќи одредени непотребни трошоци можат да ве „осиромашат“. Најдобри денови ќе бидат четврток и петок.

Шкорпија
Ова е исклучително поволна недела за вас, а ѕвездите ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели. Можно е да добивате пари од различни извори, кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата позиција. Вашиот однос со претпоставените никогаш не бил подобар, ја имате нивната поддршка и голема шанса да напредувате. Постои можност да купите имот. Во љубовта мирно море и хармонија. Најдобри денови ќе бидат вторник и недела.

Стрелец
Го завршувате секој проект што го започнувате, вашето влијание врз работата станува повидливо. Веројатно ќе добиете признание и напредок на работа. Оние од вас кои работат во јавниот сектор ќе оставите одличен впечаток кај претпоставените, зголемувањето е сигурно. Браќата и сестрите ви помагаат во семејниот проблем. Очекувајте покана од поранешна симпатија, можно е да запловите во романса. Најдобри денови ќе бидат среда и недела.

Јарец
Можно е ривалство на вашето работно место, но ако работите напорно, ќе успеете. Претприемачите добиваат пари, користете ги паметно. Можна е средба со влијателна личност, што ќе се исплати во иднина. Во љубовта се е полно со страст, партнерот никогаш не бил позаљубен во вас. Слободните може да очекуваат интересна покана. Пазете се од сезонски инфекции. Најдобри денови ќе бидат вторник и недела.

Водолија
Бавниот напредок, неочекуваните промени и неможноста да ги постигнете поставените цели ќе ја нарушат вашата самодоверба и ќе поттикнат сомнеж во себе. Понекогаш сте малку агресивни во комуникацијата, што може да создаде непријатна работна средина. Партнерот ќе ви ја обезбеди потребната помош и поддршка. Уживате во заедничките моменти. Не би било лошо да го зголемите внесот на суплементи, лош ви е имунитетот. Најдобри денови ќе бидат понеделник и сабота.

Риби
Несогласувањата со претпоставените може да го попречат вашиот напредок на работа. Доколку сте во партнерско-деловна врска, можен е конфликт со партнерот. Ве очекуваат неочекувани трошоци, можни се дефекти во куќата. Односот со партнерот е сеуште напнат, избегнувајте кавги. Слободните луѓе би можеле да бидат разочарани – личноста која ги интересира ќе ги одбие. Најдобри денови ќе бидат петок и сабота.

Хороскоп

Хороскоп за среда (10 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.

БИК

Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете подготвени за нови деловни потези кои ќе внесат големи промени во вашиот живот. Имате чести несогласувања со личноста која ви се допаѓа и некое време ќе бидете на дистанца. Пад на енергија.

РАК

Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.

ЛАВ

Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.

ДЕВИЦА

Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.

ВАГА

Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.

ШКОРПИЈА

Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.

ВОДОЛИЈА

Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.

РИБИ

Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (9 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.

БИК

Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.

БЛИЗНАЦИ

Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.

РАК

Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.

ЛАВ

Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.

ВАГА

Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.

ЈАРЕЦ

Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.

ВОДОЛИЈА

Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.

РИБИ

Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (8 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не сте ги добиле сите емоции кои ви се потребни и дека полека доаѓа крај на вашата врска. Чувствителни стапала.

БИК

Немате доволно концентрација на работа и денес дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето на важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Нервозни сте.

БЛИЗНАЦИ

Решивте да ја преземете поголемиот дел од работата на себе за ситуацијата да може да се помрдне од мртва точка. Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста која ја сакате. Проблеми со вените.

РАК

Време е да се посветите на рааботата за да создадете подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете. Ако сте слободни ве очекува ново љубовно познанство. Склони сте кон дебелеење, внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Размислувате за промени на работа иако и понатаму не ви се укажува некоја конкретна прилика за тоа. Ви се допаѓа личност која покажува дека е ладна и незаинтересирана, па затоа се држите на дистанца. Хронични проблеми со здравјето.

ДЕВИЦА

Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работното опкружување. Ги остварувате своите планови. Полека се разделувате од личноста која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата. Многу добро здравје.

ВАГА

Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Емоциите немаат врска со деловното опкружување. Размислувате на кој начин да започнете комуникација со една личност од минатото. Внесувајте повеќе течности.

ШКОРПИЈА

Ве очекува фаза која нема да биде поволна, некои потешкотии се пред вас денес. Ве очекува можност за почеток на однос со личност во која сте тајно вљубени веќе некое време. Можен е пад на имунитетот, внимавајте на себе.
СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека ќе имате некои недоразбирања во текот на деловните преговори или важни разговори. Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ќе имате можност да и ја покажете вашата наклонетост. Одморете се.
ЈАРЕЦ

Може да сметате дека ќе ги остварите своите цели на деловно поле. Промените на кои се надевавте полека се случуваат. На љубовно поле ќе го пронајдете она на кое се надевавте. Добро се чувствувате и немате здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА

Сакате да направите некои позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Бубрезите ви се чувствителни.

РИБИ

Не се откажувате од амбициите кои ги имате но моментално време е да прифатите дека нема да оди сѐ онака како што сте замислиле. Не ве очекуваат промени на љубовно поле денес. Чувствителен желудник.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија8 часа

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија13 часа

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин14 часа

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин14 часа

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин14 часа

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. И...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин14 часа

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево15 часа

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза16 часа

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден17 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

НАЈЧИТАНИ